Управата за јавни приходи ги објави најниската и највисоката основица за пресметување придонеси за платите за 2018та година.
Најниската основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 17.040,00 денари (50% од 34.079)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 545.264,00 денари (16 x 34.079)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за самовработено лице изнесува 408.948,00 денари (12 x 34.079)
Овие податоци се базираат на просечнатата плата по работник во Република Македонија која според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2018 година изнесува 34.079 денари.
Comments