top of page

#ЛСНадополнување
Благајна
Материјални трошоци и готовински при ходи
Управувањето со готовината во Microsoft Dynamics NAV се прави во посебен дел од апликацијата каде што се сместени сите потребни функционалности за благајничко работење. Благајничкото работење е дел од дополнувањата на Логин Системи со кои се прилагодува Dynamics NAV на македонските закони и прописи.
Во модулот за работа со благајна постојат функционалности за внесување на благајнички трансакции (дневник на благајна) и печатење на каса-прими и каса-исплати во форма како што бараат македонските сметководители. Дополнително, на корисникот му е на располагање табела со трансакциски кодови за побрзо внесување на различните типови на случаи заедно со контата на кои треба да се искнижи трансакцијата.
Исто така, направено е прилагодување, во случај на фирми кои работат и продажба на големо и малопродажба, при наплата на побарувањата во готово, покрај стандардните документи да се печати и сметко-потврда која се дава на купувачот. Модулот работи со неограничен број на благајни во локална или странска валута.
Подетално објаснување за користење на благајната има на форумот на линкот тука ...
Повеќе инфо:

Сподели информација
Блог објави
Дискусија - форум
Наслов