top of page

Електронски услуги

... што помалку мануелна работа и работа со хартија

Eлектронско фактурирање

#СтандарденПакет

Eлектронско фактурирање

Праќање и примање на фактури по електронски пат

Испраќај и примај електронски фактури и кредитни одобренија како фајлови или со користење на сервис за размена на документи. Поддржани се вградени функции (out-of-the-box), PEPPOL форматот и Tradeshift сервисот за размена на документи. Самата архитектура дозволува додавање на дополнителни формати или софтвер за размена на документи (потребно е прилагодување е прилагодување од имплементаторот Логин Системи).

Исто така, подржани се голем број на стандарди за размена на електронски документи, вклучувајќи ги Global Location (GLN) за купувачи и добавувачи, Global Trade Item Number (GTIN) за артикли и меѓународни кодови за едниници мерки, валути, даночни кодови, даночни шеми и земји.

 

Понатаму, новиот концепт базиран на профил за праќање на документи ги собира сите задачи поврзани со праќањето на документи, било да се работи за електронска порака, печататен документ или фајл и овозможува да се зададат саканите начини на праќање според купувач или добавувач или група на купувачи/добавувачи.

 

Примените електронски документи се интегрирани со можностите за менаџмент на документи и истите се зачувуваат во Дојдовни документи заедно со pdf или скенираните хартиени фактури. Од Дојдовните документи може да се креират набавни фактури, набавни кредитни одобренија или линии на општи дневници. Исто така може да се додадат правила “текст на сметка”на веќе зададените автоматски правила на сметките на добавувач или линија од документ. Ако има грешки или предупредувања при конверзијата на документите, истите се прикачени на дојдовниот документ. Креираниот линк до дојдовниот документ овозможува негов преглед од секој креиран документ, искнижен документ или ставка од Главната книга во сметководството.

 

Со користење на Tradeshift, можеш да праќаш или примаш документи до други корисници од мрежата на Tradeshift и статусот на испорака, како и запишувањето на активностите се достапни во Microsoft Dynamics NAV интеракцијата за тој сервис на размена на документи

 

Модулот за Работен тек може да го додадеш за да добиеш автоматско процесирање на дојдовен електронски документ, на пр. од креирање на соодветен нацрт на документ за набавка во Microsoft Dynamics NAV до книжење на истиот и креирање на линии за плаќање зависно од условите зададени во Работниот тек, како што се на пр. според добавувач или според износ.

 

Повеќе инфо:
Link
Сподели информација

Блог објави

Дискусија - форум

Клучна разлика меѓу сметководствен програм и ЕРП систем (20)

Видео: Што е ЕРП? Кои се неговите компоненти? (15)

Како-да: Изработка на завршна пресметка за финансиската година во Business Central (815)

Калкулатор за бруто и нето плата за 2024 година, со сите придонеси, стаж и работен ангажман во месец (3817)

УЈП: Бруто плата за 2024 - најниска и највисока основица за пресметка на придонеси (60)

Даночно намалување (лично ослободување) за плати за 2024 година (110)

Грешка во потпишување на ДДВ пријава на сајтот на УЈП - java.lang.reflect.invocationtargetexception (758)

Бруто плата за 2023 - Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси (308)

УЈП: Пресметка на плата за 2023 година - нова верзија на клиентскиот софтвер и ново даночно ослободување (612)

ФВ Консалтинг: Минимален и максимален регрес за годишен одмор за 2022 година (К-15) (4389)

Електронски услуги
Функционалности на електронско фактурирање и курсеви
Eлектронско фактурирање
Eлектронско фактурирање
Курсни листи
Курсни листи

Напомена: Можни се мали отстапувања на описите од самата верзија на Dynamics NAV / 365 Business Central. 

Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со Business Central. 

Избери некоја од категориите ...

  • Расположиво онлајн

    Бесплатен разговор за набавка на бизнис софтверско решение

    15 min

  • Расположиво онлајн

    Бесплатен разговор за набавка на бизнис софтверско решение

    15 min

bottom of page