Дамнешна желба ми беше да има секојдневно медиумско претставување на бизнисите во Македонија.
Пред десетина години зборував со неколку медиуми - ТВ, весници и магазини. Да не биде класика од интервјуа туку секојдневни блиц изјави на поголеми и помали бизнисмени за економијата. Да биде нешто како пандан на временската прогноза: дневен и неделен економски барометар и бизнис прогноза. Куси и прецизни изјави, и совети за подобрувања ... Нешто така ми се вртеше во главата ...
Одговорот на тогашните медиуми им беше: а бе знаеш, тоа маркетинг е.
Одговорот на тогашните медиуми им беше: а бе знаеш, тоа маркетинг е. "Зошто да ги рекламираме" и "Ќе се побунат тие што плаќаат реклами" и слични изговори. Не ја сфаќаа општествената димензија, не сфаќаа до крај дека треба жабокречината да се разбуричка ... Не сфаќаа дека гледаноста и атрактивноста на медиумот ја зголемуваат. Некои бизнисмени ако увидат дека има резултати, сами ќе се понудеа за реклами ...
(бизнисмените) да поттикнуваат и други на успеси.
Битно е бизнисмените и професионалците да бидат присутни во медиумите и да поттикнуваат и други на успеси. Џабе, не успеав тогаш ... Матрицата на тогашните медиуми беше: ред вести, ред ефтини серии, реклами од сопствени бизниси или евентуално од ним-блиски бизниси ... За нив нешто бесплатно беше ерес, освен евентуално на партиите да ги почастат ...
Целта ми е секој работен ден да има по една бизнис приказна.
Среќа технологиите се сменија, навиките за конзумирање на информации се сменија. Ете ме мене во сопствена реализација на мојата желба, а и визија за македонската економија.
Ете ме мене во сопствена реализација на мојата желба ...
Целта ми е секој работен ден да има по една бизнис приказна. Да учиме од нашите прекалени борци во македонската економија ... Слободно предложете им на вашите пријатели, роднини, вие самите, да се вклучите со бизнис приказна. Или прочитајте на www.loginsystems.biz/biznis-forum.
Бизнис совет:
Во своите деловни активности секогаш да издвојувате време за општествено полезна активност. Не е се' во профитот. Да вратиме назад во средината во која живееме и работиме и да оставиме подобри услови на другите генерации.
Во своите деловни активности секогаш да издвојувате време за општествено полезна активност.
Како што кажува Стивен Кови, за баланс во животот, секој човек е потребно да има избалансирани 4 L - to Live (да се живее), to Love (да се сака), to Learn (да се учи) и to Leave a legacy (да се остави зад себе). Дисбалансот на овие 4 ел, според Кови, ве води кон болести.
Венко Глигоров
Facebook: Венко Глигоров
Instagram: venkogligoroff
Профил на форумот: Venko Gligorov
За Логин Системи
Логин Системи е софтверска и услужна компанија која планира и поставува сметководствени и деловни решенија во мали и средни организации базирани на Microsoft Dynamics NAV (Microsoft Dynamics 365 Business Central).
Веб: www.loginsystems.biz
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна