ВАШИОТ УСПЕХ НЕ Е ИЗНОС, ТУКУ СОСТОЈБА
За успесите не се расправа. Или, тоа се однесуваше на вкусовите? За мене, секој човек има сопствена визија за тоа што е за него успех. Како стасал до таму, која е цената што ја платил, која е маката што морал да ја менаџира. Затоа, успехот е посебен вкус што секој човек може да го доживее и особено препознае. И, како и секоја гастрономска категорија, успехот не е крајна дестинација.
... успехот е посебен вкус што секој човек може да го доживее и особено препознае.
Успехот е состојба. Успех не е да имате милион долари.
Да имате милион долари, значи комоција. Притоа, можете да бидете и несреќни. Познавам многу такви. И, најголемиот дел од нив, го потрошиле животот мислејќи дека милион долари е конечниот критериум на успехот. Распаднати семејства, страшни болести, искривоколчена општествена слика за себеси... и тука не мислам на оние кои на криминален начин дошле до спомнатиот милион. Или милијарда, имаме и такви. Не мислам на нив, пеколот е нивната состојба.
Која е магичната мирудија која го дефинира животот како успешен?
Долго време се обидував да дефинирам - која е магичната мирудија која го дефинира животот како успешен.., а за да го согледам тоа, морав сопствениот и патот на многу други да го обсервирам низ еден подолг период. И конечно да ја изградам сопствената дефиниција, сопствената верзија, сопствениот вкус. Со целосна свест дека менито на успех е, повторно, релативно, но сепак прекрасно во својата бескрајна паноплија на можности.
... си ветив себеси: никогаш нема да работам за пензија.
Кога татко ми ја доби својата прва пензија, првата реакција му беше: по 40 години посветена работа, со оваа пензија ќе можеме само да преживееме. Јас бев во совршена возраст за да ова длабоко емотивно признание го доживеам како комплетно трауматично искуство. Па си ветив себеси: никогаш нема да работам за пензија.
... (и) зборот го одржав.
Оттогаш поминаа неколку децении, но зборот го одржав. И покрај околината која постојано правеше врева за тоа колку е таквиот став погрешен, неодговорен и опасен.
Но денес, можам прецизно да го квантифицирам ефектот од таквиот став. Забавно е, навистина: ✅кога целта на вашиот работен век е пензија, вие сте роб, а вашиот живот - пекол. ✅Кога не работите за пензија, вашиот живот е возбудлив повеќе од филм, кој постојано тече 200 на час и е крајно исполнителен.
Бизнис совет:
Денес, имам неверојатна привилегија од небото да можам да кажам дека ...
... да се биде инвеститор во пасивен приход е најспецифичниот зачин кој можете да го замислите.
Еве што предизвикува тој чудесен зачин:
1 >
пишувам порака на мобилниот, гледам екранот напукнат преку целата должина. Си велам, ајде да видам колку чини ова задоволство, а особено откажувањето од него. Одам во мобилара, прашувам колку чини некој добар ајфон, велат - 850 долари. Ги вадам од џебот последните 850 долари и опсесивно ги уплаќам во моето инвестициско портфолио. Бидејќи, во даден момент тој износ ќе содржи уште една нула. Задоволството што притоа го чувствувам е неспоредливо во однос на погледот кој ми паѓа врз екранот кога ја пишувам мојата наредна порака, која ја праќам на личниот асистент чиј пак мобилен е последен крик на технологијата...
2 >
Ворен Бафет ... не' залуде со неговото - вистински заработувате само кога парите доаѓаат додека спиете ...
Тоа што Ворен Бафет, волшебникот од Омаха, уште одамна не' залуде со неговото - вистински заработувате само кога парите доаѓаат додека спиете - мораше да се продухови за да животот не се сведе на заработување и трошење.
3 >
И тука е третата, клучната мирудија во зачинот на успехот:
вашиот успех е правопропорционален со бројот на луѓе на кои сте им служеле.
Тој број ќе определи не само колку ќе заработите, туку и колку вашиот живот има смисол. Ако во клучниот момент, кога ќе го напуштите овој свет, немате насмевка на лицето, вашиот живот бил бесмислен.
Зачинот на највкусната варијатна на успехот
Тоа е зачинот на една од највкусните, секако не и единствена, варијанта на успехот:
🔶 сменете го светот на подобро со доволна цврстина да ја контролирате маката и никогаш да не се откажете од СНИШТАТА; 🔶изградете бизнис или состојба на КОНТИНУИРАНИ и ПАСИВНИ приходи кои ќе ви овозможат целото ваше време и креативност да го посветите на она или оние што ви се најдраги; 🔶ослободете се од сите замислени потреби и статусни симболи и вашата слобода и вашата работа нека им помогне на што поголем број луѓе - за да бидете вистински среќни и да заминете од овој свет насмеани.
... вашата слобода и вашата работа нека им помогне на што поголем број луѓе - за да бидете вистински среќни и да заминете од овој свет насмеани.
П.С. А сништата? Кои сништа?
Па, сништа имате само ако се толку големи што се плашите од нив... 😀
Suad Missini
Facebook Page: Suad Missini
www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP