Од правник до фризер
Иако сум правник, сепак љубовта према фризерството како професија преовлада. Веќе 19 години работам како фризер и шминкер. Првите 8 години учев и го усовршував занаетот.
во 2010 ... решивме заедно како тим да си започнеме свој бизнис ...
Во 2010 година во разговор со моја колешка (блиска пријателка) решивме заедно како тим да си започнеме свој бизнис, да намалиме трошкови, да работиме во еден простор, со една кирија ...
Отворивме фризерски салон во Веро центарот, и набрзо примивме уште 2 колешки и до ден денес одлично функционираме.
Важно е дека секојдневно се едуцираме, посетуваме семинари за да бидеме се’ подобри и со тоа нашите клиенти се позадоволни а ние посреќни.
Бизнис совет:
(За да успееме) важно е да го сакаме тоа што го работиме, да бидеме храбри и одлучни. На сите порачуваме: “не се плашете и верувајте во себе”.
“не се плашете и верувајте во себе”.
За фризерскиот салон В.И.П. Студио
Салонот се наоѓа во трговскиот центар Веро центар во Скопје и работи исклучиво со препарати "Wella Professional".
Верче Оручовска
Facebook: Verce Veruci Orecovska
Instagram: Verruci
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP
Најновата креација од В.И.П. студио ...