Почеток во Сојуз на стопански комори
Својата професионална кариера ја започнав во Сојуз на стопански комори како асистент на еден од поголемите и значајните проекти на Светска банка за развој на Коморското работење во Р.Македонија и воведување на повеќе коморски систем во нашата земја.
Со ова започнувам бидејќи сметам дека е од исклучително значење за економијата во нашата земја, особено што во тој период се развиваа малите и средни претпријатија во Р.Македонија како движечка сила во економијата.
Прво координатор и потоа директорски позиции во стопанските комори
Кариерата ја продолжив како координатор на првите три формирани комори во Сојуз на стопански комори -Трговска, Индустриска и Агро Бизнис комора. Како се сочувавме со проблематиките во посебните сектори во економијата, се создаде потреба да се формираат и останатите 6 комори. За неполни четири години станав оперативен директор и директор на проектниот тим на комората.
Што значи Коморско здружување, ме прашуваа многу често. Каде работиш, ми беше поставувано прашањето?
Сојузот на стопански комори претставуваше дом на малите и средни препријатија, каде во период на транзиција имаа можност да ги изложат своите проблеми, креираат нови законски регулативи, согласно потребите кои беа произлезени од реалното работење и беше линк за остварување на соработка со компании од Европа и пошироко.
Потоа својата работна кариера ја продолжив во меѓународна стопанска Комора – Македонско Бугарска стопанска комора, која работеше на поттикнување на трговската размена на земјите од Балкан. Тука веќе Р.Македонија заедно со останатите Комори во земјата, работевме на имплементација односно прилагодување со Законите, бидејќи компаниите од Р.Македонија, особено извозно ориентираните компании соработуваа и со земјите потписнички на Цевта и земјите членки на Европска унија.
Менаџирање на хотели
Неколку години подоцна сосема случајно влегов во нова гранка од моето работење односно менаџирањето на хотели. Тука се соочив со менаџирање на голем број на кадри од различни бранши, контакт со клиенти, гости и партнери. Тука се соочив со моменти на носење на брзи и мудри одлуки. Тука се надградив и заедно со тимот секогаш успевавме да изнајдеме нови услуги привлечни за клиентите, а конкурентни на пазарот.
... се соочив со моменти на носење на брзи и мудри одлуки
Од досегашната работа донесов заклучок дека бизнис релациите односно изградената доверба за соработка со луѓето е една од најјаките алатки за водење на бизнис.
Работата ме научи како да се кренам и кога е најтешко.
Работата ме направи многу јака. Работата ме направи да научи дека жена може да биде рамо до рамо во светот на мажите. Работата ме научи да знам како е да бидам на врвот, а како е да бидам дното. Работата ме научи како да се кренам и кога е најтешко, а упорноста како да докажам дека можам повеќе.
Работата ме научи како да бидам успешна жена, прекрасна мајка и исполнителна сопруга.
Бизнис совет
Доверба. Во секоја работа градете доверба. Довербата е лицето на душата. Бидете пред се' пријател. Бидејќи менаџирањето не значи надменост и туторство, менаџирањето значи водење, создавање на тим и остварување на ЗАЕДНИЧКИ успех на тимот.
Упорноста е носилка, а тимот е столб на успехот.
Резултати со упорност и тим. Видливите резултати се успехот на работата. Упорноста е носилка, а тимот столб на успехот.
Instagram: @vikiangelkovska
Facebook: https://www.facebook.com/vikiangelkovska
✅✅✅ Пријави бизнис приказна и совет на линкот тука ... ✅✅✅