На 8.8.98 година (точно пред 20г), заедно со мојата сопруга и шестмесечниот син, одлучивме со нашето 8 години старо Југо, да се преселиме од Струмица во Скопје. Сиот наш имот го закачивме на куката од Југото, и се вселивме во Ново Лисиче во двособен стан под кирија. Од имот имавме многу љубов, прекрасен син, големи соништа и празни џебови.
Политичка активност
Како припадник на несреќната ЈНА генерација кога се распаѓаше Југославија, живеев со убедување дека мора да бидам политички активен, за да не оставаме простор на себични политичари, на кои за лични интереси целата моја генерација им послужи како топовско месо. Но, тогаш верував дека преку политика човек може да делува за изградба на подобар свет.
Има една мудрост која што вели дека кој на млади години не бил социјалист, нема срце, но кој подоцна ќе остане социјалист, нема мозок. Така и јас, додека бев млад и наивен, бев политички активен социјалист, денес сум само млад! :)
Ја напуштив политиката пред точно 10 години, кога навлегов со полн младешки потенцијал во претприемништвото. Тогаш веќе ми беше сосема јасно дека во политиката човек служи на туѓи агенди, кои не само што не се свои, туку се и спротивни од сопствените убедувања.
Зачетоците како претприемач
Одлучив да работам за себе, но, немав капитал. До тогаш верував дека се важни парите, а не идеите. Но, подоцна увидов дека не е баш така, дека менаџмент моделите на 20ти век веќе не се вклопуваат со потребите на 21ви век. Време беше да се промениме, бидејќи и економијата беше сменета. Софтверската технологија напредна енормо. Промените се кон “фигитал” (PHYsical & diGITAL), креирајќи нов бизнис дизајн, со спојување на дигиталните и физичките светови во сите аспекти на човековиот живот.
... менаџмент моделите на 20ти век веќе не се вклопуваат со потребите на 21ви век.
Станав непоколеблив кон личната визија, но флексибилен кон деталите. Знаев и ЗОШТО нештата ги правам, а не ми беше важно КАКО, за тоа оставав на стручни луѓе од областа на софтверската технологија да најдат решенија. Дигитализацијата ми стана алатка за лична промена! Порано бев од оние кои "кои знаат се", сега сум од "оние кои учат се"! Сватив дека незнам, а мислев дека знам!
Порано бев од оние кои "кои знаат се", сега сум од "оние кои учат се"!
Видов дека додека цел свет се менува и напредува, ние сме фокусирани на лажни лидери, кои не се претприемачи, туку политичари.! Знаев дека за миг не можев да постигнам успех, но за миг можев да го сменам фокусот. До тогаш бев фокусиран на парите, работев за пари, сега се фокусирав на градењето мрежи, па парите почнаа да работат за мене, користејќи ја глобалната дигитализација.
Новите економски трендови станаа краудфандингот, краудсорсингот, огментацијата, дигитализацијата и автоматизацијата. Преку тие текови се покажа дека никогаш не било полесно и побрзо да се позиционира човек на пазар со сопствена идеја, но и никогаш не било полесно и побрзо да се исфрли човек од тековите, доколку нема визија за себе.
Сватив дека само инвестирањето во себе навистина се исплати ...
Почнав многу да инвестирам во себе, учев од најдобрите во светот на маркетингот, претприемништвото и личниот развој. Сватив дека само инвестирањето во себе навистина се исплати, сватив дека неможам на пазарот да понудам нешто што немам, а особено сватив дека ако нудам нешто што можат многумина да го понудат, не можам да очекувам да бидам високо вреднуван.
Сватив дека ако се фокусираш на успехот, успехот ќе се фокусира на тебе!
Разбрав дека формалното образование ќе ми овозможи живеачка, но неформалното образование ќе ми овозможи богатство. Разбрав дека не треба да одам по истапкана патека по која сите одат, таму нема да растам и напредувам. Отидов таму каде што очекувањата за моите лични вештини и компетенции се големи. Сватив дека ако се фокусираш на успехот, успехот ќе се фокусира на тебе! Учејќи од најуспешните во светот, ги зголемив своите цели, размислував за глобални бизниси, престана да ме интересира се што е локално.
Градење на најголемиот виртуелен шопинг центар во светот
Познавајќи го маркетингот, знаев дека продажбата е најплатен сегмент од бизнисот и се фокусирав во тој сегмент. Штом е најплатено, значи дека е тоа најголем проблем на компаниите, инаку не би била продажбата најплатен дел. Така дојдов до заклучок дека кога би можеле да го пренасочиме прометот на конзументите со загарантиран бенефит и додатни мотивации за нив, трговците со задоволство ќе ни исплаќаат провизии. Конзументите и така и така трошат. Тие не треба да прават ништо ново, туку сега би ги мотивирале тоа што и така го прават, тоа да го сторат кај нашите трговски партнери.
... кога би можеле да го пренасочиме прометот на конзументите со загарантиран бенефит и додатни мотивации за нив, трговците со задоволство ќе ни исплаќаат провизии.
Новата софтверска технологија ни овозможуваше тоа да го следиме, и благодарение на краудфандингот, ни се приклучија илјадници луѓе кои ја препознаа визијата и заедно го градиме најголемиот виртуелен шопинг центар во светот, каде од сите светски парични текови, бидејќи ние ги пренасочуваме, трговците откога ќе наплатат, ни исплаќаат провизии.
Сите кои се во системот добиваат. Конзументите штедат, а трговците добиваат поголем промет. Тие преку дисинтермедијацијата наместо парите за реклама да ги дадат однапред на медиумите, сега ги враќаат кон крајниот потрошувач.
Денес
Денес, после неколку години, приказната се развива понатаму сама од себе, во моментов во 47 земји, а во иднина насекаде!
... во моментов (сме) во 47 земји, а во иднина насекаде!
Денес е пак 08.08, но сега 2018, Тогаш имав сосема мали амбиции за опстанок. Целта ми беше да не сум во криза. Денес опстанокот не ме засега, бидејќи сум во сферата на успех, но се стремам кон значајност. Ако јас можев, секој може. Внимавајте кого слушате, видете што ве исполнува, дознајте кој е веќе успешен во тоа што вас ве исполнува и учете од него, а не од секого!
Бизнис совет(и)
Не е важно што ви се случило во животот, единствено важно е што вие ќе сторите во врска со тоа. Мора да се научите како да се ослободите од минатото, за да продолжите да растете. Многу луѓе не работат на остварување на своите соништа бидејќи им дозволуваат на искуствата од минатото да им ги детерминираат можностите. Тоа што ви се случило во минатото не е одраз на вашите можности, тоа е само одраз на вашата свест.
Мора да се научите како да се ослободите од минатото, за да продолжите да растете.
Иднината е неограничена во овој момент за вас. Никој нема поим колку вие можете во животот, дури ни вие самите! Ние имаме моќ да си го смениме правецот во кој нашиот живот се движи, со менување на нашите мисли, со избегнување на сите негативни луѓе од нас, без обзир колку и значајни тие луѓе да ни се чинат во овој момент за нас!
Ако не сте спремни да ризикувате, нема да растете, ако не растете, нема да го извадете најдоброто од себе, ако не го извадете најдоброто од себе, нема да сте среќни, ако не сте среќни, што друго ви останува во животот!?
... ако не растете, нема да го извадете најдоброто од себе ...
Лудило е да ги мразиме сите рози затоа што сме се боцнале од еден розин трн, да се откажеме од сите наши сништа, затоа што еден не ни се остварил. Да изгубиме верба во молитвите затоа што една не ни е исслушана.
Да ги осудиме сите пријателства, бидејќи еден не предал. Да не веруваме во љубовта ако некој не ни ја возвратил или не изневериле. Да се откажеме од нашите шанси бидејќи една не сме реализирале.
Влезете во животот полни со оптимизам и НИКОГАШ не се откажувајте.
Влезете во животот полни со оптимизам и НИКОГАШ не се откажувајте. Големината на луѓето се мери според големината на проблемите кои успеале да ги кутнат. Големите луѓе имаат големи мисии, а големите мисии се предусловени со големи искушенија!
Зоран Витанов
Instagram: zoran.vitanov
Facebook: Zoran Vitanov
✅✅✅ Пријави бизнис приказна и совет на линкот тука ... ✅✅✅
@zvitanov 👍
Југото на Зоран ... Споделете заедничка фотографија со Зоран во коментар подолу ...
https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna
Како што кажува Зоран Витанов: "После 20 год работа преку ден, успехот ми се случи преку ноќ!".
Која е вашата омилена мисла поврзана со Зоран? Слободно напишете тука во коментар.