Сите имаме свoja точкa на “пукање”! Сите имаме “жолта” минута! Во автомобил, на работа, со деца, кога трчате кон автобус, или кога некој ве игнорира…
Секогаш кога чувствувате дека ви се подига “притисокот” или се вжештувате, односно кога имате чувство дека ќе “пукнете”, застанете и прифатете дека тоа е тоа !
Застанете и свесно насочете го вниманието на дишењето.
Потоа отпуштете ја потребата да се држите за ситуацијата. Одврзете се од она што го очекувате во моментот. Сè се менува. Целата перцепција за ситуацијата се менува. Така и вие се менувате !
Но, ако тоа не ви успее тоа еве едно едноставно решение кое можете да го примените дури и во кола:
Наместо да се нервирате, затворете ја десната ноздрва со десниот показалец, Левата дланка поставете ја во "чин мудра" (левиот показалец, палецот и средниот прст ги допирате), а потоа започнете да дишете бавно и длабоко, вдишувајте броејќи до четри, издишувајте броејќи до осум, преку левата ноздрва. Дишејќи преку левата ноздрва внесувате смирувачка, женска месечева енергија, наместо оживувачката, машка, сончева енергија која што природно влегува од десната ноздрва.
Направете 7 циклуси на вдишување и издишување преку левата ноздрва.
Можеби ќе се чувствувате смешно ако го правите ова на пример во автомобил, но верувајте ми, додека другите возачи се нервираат за застојот или гужвата, вие ќе бидете во многу поповолна позиција. Дури и ако го правите ова само една минута, може да го смените начинот на кој се чувствувате.
Ако ве интересира повеќе здравиот начин на живот кој го практикуваат деловните луѓе посете ја мојата веб страна или уште подобро 😀посетете ги моите јога онлајн часови наменети за Ваше ментално и физичко здравје
Љубов и светлина ❤️Биби Пешева