OpenAI e организација за истражување и развој на вештачка интелигенција. Формирана како непрофитна организација во 2015та година, во меѓувреме се трансформира во комерцијална организација. Таа е „авторот“ на технологиите што се користат од ChatGPT и Copilot. Повеќе на https://openai.com/
ChatGPT е кориснички интерфејс и апликација направена од фирмата OpenAI која ги користи технологиите на OpenAI. Се користи на веб адресата https://chatgpt.com/
За да може да работи, услугите на OpenAI се наоѓаат на серверите на Microsoft - се вика Microsoft Azure или скратено Azure. https://azure.microsoft.com/en-us/
Copilot е имплементацијата на Microsoft во користењето на OpenAI. Се користи на адресата https://copilot.microsoft.com/. Покрај Copilot Chat, која служи како што може и да се претпостави за чет дискусија со AI, Microsoft направи Copilot специјализирани апликации кои „копаат“ информации, прават анализи и предлагаат решенија во рамките на апликациите на Microsoft. На пример, во програмот за сметководство и деловно работење Business Central, апликацијата Copilot помага на корисникот во изведбата на задачите, помага да се најдат потребни информации и секако може да служи за чет.
Инаку eден од главните сопственици и инвеститори на OpenAI е Microsoft. Според мои сознанија, 49% од сопственоста е на Microsoft.
Покрај OpenAI, има и други конкурентски AI платформи какви што се на Google, DeepSeek и други.
Нешто за Македонија и AI
На крајот сакам да (у)кажам дека ако сакате да дознаете некоја „вистина“ не е доволно да прашате ChatGPT или Copilot на македонски јазик. Ако е прашањето на македонски, се превртува литература и знаење на македонски јазик. Како што ни е познато, нашата литература и (историско) знаење се во прилично скучена обем и форма. Затоа не е лошо истото прашање да се постави и на англиски јазик, па и на јазиците од соседството. Веројатно може да му се каже на ChatGPT и Copilot да користи извори од повеќе јазици.