Грдата вистина е дека…
Ако вие не донесете одлука да направите промена, никој друг не може да ви помогне. Но, исто понекогаш тоа може да биде многу тешка одлука.
Многумина од нас имаат тенденција да бараат потврда од надвор, кога се сомневаат во себе. Но, се додека не ја разбереме сопствената вредност и создадеме нови можности за себе, дали на работа или личниот живиот, ништо нема да се промени.
Вистина е дека сè започнува од себе и од тоа колку сте спремни да се вложите.
И сето тоа е поврзано со вашиот начин на размислување.
Значи, ако се чувствувате заглавени во својот живот, ако имате чувство дека животот поминува покрај вас и вие не си дел од него, еве неколку идеи кои можете да ги направите сега пред да дојде Новата 2024 година, со цел да го промените својот начин на размислување и нормално да ја преземете во свои раце, контролата на својот живот:
Префрлете се од негативно кон позитивно размислување.
Позитивното размислување ја намалува анксиозноста и помага да ги постигнете своите цели. Опкружете се со позитивни луѓе, но препознавајте кога имате негативни мисли и чувства. Не ги потискајте во себе. Погледнете ги своите мисли и емоции и соочете се со нив преку позитивен разговор за себе со нив. Техника која може да ви помогне овде и која лично ја препорачувам и практикувам е ЕФТ Emotional Freedom technique или популарно наречена тапкање, која најчесто се користи на советодавните бизнис сесии.
Квалитетот на нечиј живот е во дирекна врска со неговото ментално и емоционално здравје. Менталното и емотивното здравје се основа за самодовербата, а таа пак е отскочна даска за постигнување на било која цел во животот!
Преминете од фиксен начин на размислување кон начин на размислување кој ќе ви донесе промена и раст.
Ако гледате на предизвиците како на можности, а не на пречки, вие веќе сте фокусирани на својот раст и развој. Кога вложувате труд и работа, секогаш можете да го постигнете она што ќе ви падне на ум. Така и развивате самодоверба во себе .
Заменете ги своите очекувања со благодарност.
Секогаш кога очекуваме или бараме повеќе од себе или од другите,
Тоа предизвикува разочарување и фрустрација. Насочете се кон изобилството во вашиот живот, тоа ќе ви помогне да бидете присутни и да уживате во вашиот живот. Вежбајте мајндфулнес. Тоа може многу да помогне во развој на вашиот бизнис.
И на крај, побарајте поддршка.
Слушајте подкасти, посетувајте семинари, читајте книги за самопомош или пронајдете свој тренер, психолог или коуч. Да работите со професионалец, некој кој ги знае најдобрите стратегии е еден од најефикасните начини да се направи промена. Ако ве интересира повеќе погледнете ги пакетите кои ги нудам овде.
Бидејќи станува збор за вас и вашиот, не чекајте некој друг за вас да го направи тоа за вас!
Сите имаме два живота и вториот започнува кога ќе сватиме дека имаме еден живот !
Љубов и светлина
Билјана Пешева
Професионален тренер, јога инструктор и велнес коуч
За повеќе посетете ја мојата веб страна www.healthylifeskills.mk