Microsoft Dynamics NAV 2017 е целосно интегрирано ЕРП решение кое вклучува сметководство, финансии, основни средства, продажба, набавки, магацинско, производство, човечки ресурси, сервис, проектен менаџмент и секако CRM. Бидејќи е дел од NAV, сите работи што се прават во CRM се интегрираат со продажба и другите модули во NAV. Модулот CRM може да работи и независно од модулот за финансии од Dynamics NAV.
По дефиниција, Customer relationship management (CRM) е поим кој се однесува на стратегиите, технологии и праксите кои ги користат компаниите да ги управуваат и анализираат податоците за купувачите и интеракциите со нив за време на ќивотниот цисклус на купувачот. Целта е да се подобрат деловните релации со купувачите, да се помогне во нивното задржување и да се зголемува продажбата со нив.
Иако се вика CRM, основен податок на модулот за ЦРМ е контактот. Контакт може да биде компанија, институција или физичко лице и не е задолжително да биде купувач.
На сликата подолу е прикажан екран со листа на контакти. Во горниот дел од екранот има рибон со најразновидни функции за креирање на зделки (анг. Opportunity), интеракции, понуди и слично.
На наредната слика е прикажан еден од табовите за работа со контакт. Може да се гледа историјат на интеракции за контактот, статистика, зделки, работни задачи, а може да се гледа и каква е релацијата на тој контакт како Купувач и Добавувач.
Поопширно за модулот CRM може да се прочита во блогот "Kупувачи, проспекти и зделки - CRM".