Сите модули од NAV може да се користат во изворна форма во Македонија како што се финансии (со сметководство), набавки, продажба и маркетинг, човечки ресурси, водење проекти, производство, магацинско и материјално работење.
Дополнително, NAV е прилагоден на македонските прописи од страна на стручниот тим на Логин Системи. Така, за потребите на македонските корисници изработивме посебни делови кои во NAV или изостануваат или се изведуваат на поинаков начин во другите земји. На пример, направивме или додадовме налози за книжење, црвено сторно, одредени конта да не смеат да имаат износи на страната Долгува или Побарува, ситен инвентар, благајничко работење, малопродажно работење, ДДВ пријави, компензации, каматни листи, јавни набавки и плати. Сите аналитички картички, за купувачи, добавувачи и артикли, ги направивме да ги задоволуваат барањата на македонските корисници. Иако стандардно NAV доаѓа со интерфејс на англиски јазик, тој може да се користи на повеќе јазици меѓу кои и на македонски и албански јазик. Логин Системи има преводи на овие јазици во различни верзии било на ниво на NAV или само на дополнувањата што ги има правено Логин Системи.
Накусо ...
Ги искажувате вашите потреби и специфики
Не' ангажирате да ви го поставиме системот и да го прилагодиме на вашите потреби
Набавувате лиценци за користење на Dynamics NAV
Ќе ве обучиме
Ќе го користите системот заедно со нашата поддршка
Контактирајте не' за повеќе информации и понуда. www.loginsystems.biz/kontakt
Колкава е инвестицијата во Dynamics NAV во Македонија - повеќе на линкот http://www.loginsystems.biz/single-post/2017/02/17/InvesticijaERP
За рентање на Dynamics NAV ... http://www.loginsystems.biz/single-post/NAVSubscriptionLicensing/NAVSubscriptionLicensing