Ситуацијата со коронавирусот (COVID-19) го смени начинот на работа на компаниите. Повеќето вработени работат од дома. Некои работа со дежурства. Некои фирми имаат надворешни сметководствени бироа кои им даваат услуги на фирмите.
Законските прописи за платата наложуваат работодавачот да доставува исплатни листови за плата на секој вработен. Доставата може да биде лично со хартиен документ но и преку е-пошта ако на тоа се согласат вработените. Со оглед на тоа што секој вработен мора да има адреса за електронска пошта заради персоналниот данок, тогаш програмите на плата може да испраќаат електронски пораки со исплатен лист прикачен како PDF до вработените.
Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central има таква опција за праќање по електронска пошта на исплатните листови. Секој вработен добива посебен емаил со исплатен лист. Со тоа се решава проблемот за лична достава на исплатниот лист.
Погледни на видеото подолу како изледа исплатниот лист на вработен за плата.
Прочитајте како „Мекиците од Стража“ ја пресметуваат и ја испраќаат платата тука.
Повеќе видео содржини за платата има на адресата www.erp.mk/video.