Во пресрет на крајот на годината, една од активностите поврзани со приходите на вработените е исплатата на регрес за годишен одмор. Модулот за плата на Логин Системи во Dynamics NAV овозможува пресметка и исплата на регрес и негово правилно вклучување во сите извештаи за плата под соодветните пропишани шифри.
Пресметката на регрес се прави во еден чекор, преку пополнување на прозорецот за Пресметка на регрес, кој се наоѓа на следната позиција во менито за плата:
Во прозорецот се пополнува:
- месецот за кој се исплаќа регрес,
- бројот на вработен (ако се дава регрес за сите вработени ова поле се остава празно),
- се избира дали регресот ќе се дава само на активните вработени или и на другите, категории на вработени
- се пополнува износот на регрес кој треба да се исплати,
- се пополнува процентот на персонален данок.
! При ваквата пресметка, НАВ внесува шифра на исплата 3.2 (Дополнителни примања и надоместоци на трошоци од работен однос на кои не се платени придонеси) за овие трансакции, при што, при подготвување на годишната ПДД-ГИ пријава овие износи ги смесува во соодветните позиции од ПДД-ГИ извештајот во збирните и поединечните податоци.
!! Вака пресметаните износи влегуваат и како посебна категорија во ПДД-ГДП, годишните потврди за плати и придонеси кои задолжително треба да им се издадат на вработените по завршување на фискалната година.