Затворањето на фискалната година е актуелно во периодот на подготовка и предавање на завршните пресметки на компаниите. Dynamics NAV му овозможува на корисникот на многу едноставен начин да ја пресмета разликата помеѓу приходните и расходните/трошковите конта и да даде информација за остварениот резултат (добивка или загуба) од тековната година. Во исто време прави автоматско затварање на контата од класа 4 и класа 7 (кои во контниот план се означени дека се дел од билансот на успех).
Затворањето на фискалната година во NAV се прави во три чекори:
1. Затворање на пресметковниот период
2. Затворање на билансот на успех преку повикување на функционалност за затворање
3. Книжење на ставките за затворање на годината.
1. Затворање на пресметковниот период
Се оди во Departments -> Financial Management -> Periodic Activities -> Fiscal Year -> Accounting Period и се избира функцијата Close Year (Затвори Година). Ќе се појави порака која Ве информира дека откако еднаш ќе биде затворена фискалната година, веќе нема да може да биде преотворена. На потврда на прашањето системот сам автоматски ќе го затвори фискалниот период.
2. Затворање на ставките од билансот на успех
Вториот чекор е затворање на ставките од билансот на успех. Оваа активност се прави на следниот начин: Се оди во Departments -> Financial Management -> Periodic Activities -> Fiscal Year -> Close Income Statement и се пополнуваат сите полиња во дадениот прозорец:
Откако ќе се одбере ОК системот прави автоматска пресметка на износите на контата кои претходно се означени во контниот план дека се конта од билансот на успех и го пополнува дневникот кој е означен за затворање на годината во претходниот прозорец. (Во нашиот случај Template: GENERAL и Batch: YEAREND.
3. Книжење на ставките за затворање на годината
За да се прокнижат ставките за затворање на приходите и трошоците, потребно е да се отиде во дневникот кој претходно беше дефиниран во прозорецот за затворање на билансот на успех.
Откако ќе се избере соодветниот Template и Batch и ќе се проверат ставките, истите може да бидат искнижени. На тој начин, контата од класа 4 и класа 7 кои се дел од билансот на успех автоматски ќе се затворат, а разликата ќе се префрли на соодветното конто дефинирано во прозорецот за затварање на билансот на успех (во нашиот случај 79000). Понатаму, од ова конто, преку дополнителни книжења може да се направат соодветните распределби на добивка/загуба, книжење за данок од добивка и сите останати завршни книжења.
Забелешка: Како што може да се забележи во дневникот, датумот за книжење е С31.12.2015. Ова е датум помеѓу последниот ден од годината која ја затворате и првиот ден од следната година. На овој начин се овозможува, во бруто билансот, сеуште да бидат видливи салдата од приходните и расходните конта доколку извештајот се стартува со датум 01.01.хх до 31.12.хх
Понова и посеопфатна информација може да се добие на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/smetkovodstvo-i-finansii/kako-da-izrabotka-na-zavrshna-presmetka-za-finansiskata-godina-vo-business-central
Иако екраните од примерот погоре се на англиски јазик, Dynamics NAV работи според македонски прописи и на македонски и англиски јазик.