Dynamics NAV 2017 нуди алатка и функции за брза изработка и испраќање на потсетници за плаќање на еден или повеќе купувачи.
Постапката за изготовка и испраќање на еден потсетник е опишана подолу.
1)
Од менито Продажби се избира алатката Потсетници и потоа се кликнува на копчето за нов потсетник New.
2)
Во картичката на новиот потсетник се внесуваат податоци за купувачот. На пример, со ставање на шифра 20000 се појавува фирма Селангориан и автоматски се пополнуваат соодветните податоци.
3)
Со кликнување на копчето „Предложи линии за потсетник“, се пополнуваат линиите од потсетникот со фактурите кои не се платени. Постојат опции да се стават линии и за доспеани или за сите неплатени фактури - како на сликата подолу.
Откако ќе се пополнат линиите во потсетникот, може да се ажурира нивната содржина со дополнителен текст, да се избрише некоја линија и слично.
4)
Потоа се врши издавање на потсетникот со помош на копчето во рибонот најгоре од страницата. При изведбата на оваа операција, потсетникот може да се печати или да се испрати на емаил. Ако се избере опцијата за прекање по е-пошта, тогаш се задаваат податоци за примачот на пораката.
Dynamics NAV може да испрати директно порака, а корисникот може да избере и да ја ажурира пораката во Outlook и потоа од таму да ја прати.
5)
Кога се праќа пораката со себе носи и прикачен документ во ПДФ кој има излглед како на сликата подолу.
Ова беше еден од начините за креирање и испраќање на потсетници. Во Dynamics NAV може да се креираат оддеднаш потсетници за сите должници. Исто така во Dynamics NAV може да одредите дали ќе се става дополнителен надоместок за изработката или нема да се прави тоа.
Потсетниците се прават на јазик кој е одреден во картичката на купувачот. Ако имате купувачи од странство, потсетникот се праќа на англиски јазик. Алтернативно, може да се прати на германски или шпански јазик ако во Dynamics NAV се инсталирани овие јазици и подесени за работа со копијата од NAV која се користи од самата фирма.
Ако имате прашања или сакате да коментирате за постот, добредојдени сте!