Пример со цени за ЕРП систем со Dynamics NAV
Во продолжение е наведен пример за мала организација од 5 до 25 вработени кое користи услуги на екстерно сметководство.
Типичните потреби на ваквата организација е да користи ЕРП од 4 вработени: office manager (деловен секретар), магационер, маркетинг специјалист и продажен менаџер (или продажен асистент). Организацијата планира да врши водење на сметководство и финансии, да изработува плати, водење на магацин(и), набавки на производи, водење на опрема и ситен инвентар како и фактурирање. Организацијата исто така има потреба да води евиденција на контакти заедно со сите нивни взаемни комуницирања и да испраќа писма и емаилови до одредени сегменти на потенцијални купувачи.
На сликата подолу се наведени слоевите на архитектурата на едно ЕРП решение. Објаснување за секој слој посебно има во блогот Инвестирање во нов ЕРП.
За потребите на оваа организација, најсоодветен модел е рентањето на лиценците на месечна основа. Во примерот ќе претпоставиме дека инфраструктурата од сервери и компјутери е обезбедена. Услугите што се вклучени при поставувањето на системот се следните:
Месечна претплата од 4 лиценци и дополнителни објекти за локализација
Македонска локализација
Надополнувања на Логин Системи
Основен пакет на одржување со бесплатни 10 часови
Во овој пример, услугите на дополнителна кастомизација и миграција на историските податоци не се вклучени, но вклучени се услугите на поставување на почетните состојби. Заедно со 4те лиценци за корисници, организацијата добива една лиценца за екстерното сметководство и за фирмата имплементатор Логин Системи. Ако фирмата почне со имплементација од Март 2017та и самата имплементација трае два месеци, организацијата би требало да издвојува месечно износи како на сликата подолу …
Битно е да се истакне дека откако ќе помине една година, организацијата ќе издвојува само 349 евра. Додека трае имплементацијата и ратите има периоди кога организацијата ќе плаќа ранг на цени 600, 800, а само два месеци треба да плаќа околу 1000 евра. Во цените не е ставен ДДВ кој изнесува 5% и 18% за одредени ставки.
Важни карактеристики на овој модел е дека организацијата може да ги зголемува или намалува лиценците согласно потребите. Наведените цени за услуги се ориентирни и зависат најмногу од потребите на организацијата и од нивото на активности и операции што организацијата ги има. За конкретна понуда, организацијата е потребно да се обрати во Логин Системи.
Корисни линкови за дополнителни информации
Дополнителни информации за ЕРП може да добиете на линковите подолу:
Цените за претплатата за NAV ако се користи облакот „Microsoft Azzure“ се поефтини.