Стандардниот модул за попис на производи во Microsoft Dynamics NAV е детален и прегледен. Сепак, Dynamics NAV бара пописот да се внесе и искнижи на денот кога е направен. Ова во суштина значи дека целата активност на фирмата поврзана со залиха треба да биде во мирување додека целосно не се направи и прокнижи пописот.
Во случаи кога не е можно целата операција да се изведе и да се искнижи во истиот ден, Логин Системи изготви подобрување на функционалноста на модулот за попис. Со подобрувањето на Логин Системи е можно да се прави попис на одреден датум (еден или повеќе денови), а потоа книжењето и состојбата на залихите да се земат од датум кога навистина се одржал пописот наместо од денот на книжење.
На пример, ако фирмата прави попис (физичко броење) на 31.12.2015 и податоците од пописот ги внесува во Јануари наредната година, иако датумот во Дневникот за попис е од 31.12.2015, Dynamics NAV ги зема во предвид и трансакциите односно количините на артиклите и во Јануари.
Креирање на пописна листа
Се оди на страната Phys. Inventory journal (се бара во search) и кога ќе се отвори journal-от се избира Calculate Inventory. Потоа кога ќе се отвори прозорецот се пополнуваат податоци како на сликата (датум, број на документ, дали да се појавуваат артиклите за кои нема залиха, и магацин).
Печатење на пописна листа
Стандардната пописна листа се печати со Print, а да се отпечати листата со Detail Description, Item Tracking Code и Part No. се користи командата Print (LS). Како на сликата подолу.
Внесување на избројани количини и книжење
Откако ќе се заврши физичкото броење, одговорните во финансии ќе ги внесат избројаните количини во колоната Qty. (Phys. Inventory) и системот сам ќе покаже дали се работи за кусок или вишок во колоната Quantity. Оваа операција не предизвикува книжење се’ додека не се кликне Post, така што од финансии слободно можат да ги внесат избројаните количини и пред книжење да се направи контрола.
Важна напомена Прикажаните екрани се на англиски јазик. Ако корисникот сака да раоти со Македонски јазик, слободно може да избере од менито за јазици.