За фирмите што работат со странски партнери, купувачи и/или добавувачи, и издаваат фактури во други валути, потребно е да се внесат девизните курсеви на тие валути. Оваа операција се прави за да може Dynamics NAV / 365 Business Central да пресмета денарски износи и истите да ги искнижи во главната книга во сметководството.
Постапката на внесување на курсеви е во продолжение. На крајот е и видеото.
1️⃣ Наоѓање на страницата за валути
Во делот за пребарување од главниот екран на Dynamics NAV се внесува „валути“ како на сликата подолу.
2️⃣ Избор на валута
Од понудената опаѓачка листа се избира страницата Валути. Од листата на валути се обележува валутата за која треба да се внесе девизен курс - во конкретниот случај тоа ќе биде еврото. Потоа во горниот дел од страницата се избира командата Курсеви (како што е обележано на долната слика)
3️⃣ Преглед на курсеви
Во листата на курсеви, се кликнува на колоната Почетен датум за да се подреди листата на курсеви во опаѓачки редослед. Така ќе може да се види кој е последниот курс внесен за еврото. Во примерот на сликата подолу, тоа е датумот 07.05.2019.
4️⃣ Внесување на курсеви
Од курсната листа на НБРМ на страницата https://www.nbrm.mk/kursna_lista.nspx се бара наредниот датум. На пример, тоа е 08.05.2019. Ако тој курс е различен од тековниот курс, се креира линија на копчето New од рибонот (горниот дел на Dynamics NAV).
Во новата линија што се креира, се внесува износот на курсот на две места: Износ на релационен курс и Прилагоден релационен курс.
📽 Видео сесија со пример
Подетално за внесувањето на курсевите има на видеото подолу.
Ве молам пишете во коментар подолу за тоа што сакате да видите наредно. И не заборавајте да стиснете лајк ❤️ ако ви се допадна и ви користи оваа објава.
Да информирам дека од неодамна Логин Системи изработи функционалност за автоматско преземање на девизни курсеви од Народната банка на Македонија во Business Central. Повеќе за информацијата има на линкот https://www.loginsystems.biz/post/business-central-avtomatsko-prezemanje-devizni-kursevi-narodna-banka-makedonija