ЛС КонвертМак за Microsoft Excel е додаток на Excel за конверзија на текст. Постоечката верзија има само една опција на конвертирање: од кириличен фонт во македонска поддршка (https://www.loginsystems.biz/forum/opshta-diskusija/probna-beta-verzija-na-ls-konvertmak-365-za-microsoft-excel).
Периодов ја разгледуваме можноста да дополниме со една или повеќе опции. Потребно е потребно мислењето на корисниците на алатката/додатокот како и потребите на потенцијалните нови корисници. За таа цел ја создадовме анкетата која е прикажана подолу.
Ве молиме да одговорите на прашањата и со тоа помогнете на себе и на другите.
Листа на дополнителни опции
0%Македонска поддршка во кириличен фонт
0%Латиничен фонт во македонска поддршка
0%Македонска поддршка во латиничен фонт
You can vote for more than one answer.
Логин Системи ќе ги разгледа резултатите од анкетата и евентуално ќе направи план за развој на една или повеќе опции.
За да има повалидни резултати, да бидеме стимулирани за побрзо правење, згодно е да го споделите овој пост преку социјалните мрежи или електронската пошта. Благодариме!
LSKonvertMak не може да се спушти од вашиот сајт. Дали тоа е случајно или ?
Вашиот програм за конверзија на фонтови во македонска подршка и обратно го користам веќе долги години, можеби и од самиот негов настанок. Многу, знаци многу ми има помогнато. Браво за Вас! Конвекторот за Excel не го имам користено, искрено сега дознав за него, но би сакал да посочам дали има опција за конвектор во Power Point? Доста пати ми требало и сум морал рачно (и мачно) да префрлам во Word па назад во Power Point. Се надевам дека е добро да го има и тој дел. Можеби како системаска алатка за подршка на ковертирање на текстови под Office една за сите би била најдобра опција. Сеедно што ке биде понатаму, Ви благодарам за дадената помош од ваша страна