ЛС КонвертМак 386 е бесплатна алатка на Логин Системи и е додаток за Microsoft Word. Таа е наменета за конвертирање на текст од македонски фонт во кирилица со дифолтните фонтови на Windows и Word. Со користење на ваквата кирилица, можно е да се меша латиничен и кириличен текст со ист фонт. На пример, Arial, Times Roman или Verdana.
Алатката може да се преземе од сајтот на следната локација тука.
Инсталирање на конверторот
Оваа постапка се прави кога е потребно конверторот да се користи при секое стартување на Word. За да се најде моменталната локација на фолдерот со документи и урнеци што се вчитуваат со секое стартување на Word, се изведуваат следните чекори:
1️⃣ Во Word 2010, 2013 и 2016 како и Word 365 се активира командата Options од менито File. Потоа се кликнува на опцијата Advanced.
2️⃣ Се наоѓа одделот General и потоа се кликнува на File Locations.
3️⃣ Се запишува или запомнува локацијата на фолдерот за Startup.
4️⃣ Ако не се гледа целата патека во прозорецот File Locations, тогаш се кликнува на копчето Modify и во таквиот прозорец, Modify Location, се кликнува на иконата за фолдер за да се покаже целата патека на локацијата. Види слика подолу.
Се копира или запишува локацијата.
5️⃣ Се копира документот LSKonvertMak365.dot (можно е да има сличен назив) во фолдерот од локацијата за Startup.
6️⃣ Се затвораат сите документи од Word и се рестартира Word за да може конверторот автоматски да се вчита во Word.
Користење на конверторот
Ако успешно е изведена инсталацијата на конверторот во Word, тогаш за конвертирање на текст се прават следните чекори:
1️⃣ Се стартува Word и се отвора документот што треба да се конвертира. За секој случај е добро да се направи друга копија на оригиналниот документ - може да се случи да се конвертира документот, а потоа да ви треба и оригиналот за споредба, на пример.
2️⃣ Од менитo Add-ins се кликнува на командата ЛС КонвертМак.
3️⃣ Во прозорецот со опции за конверзија, се избираат потребните параметри за конверзија и се кликнува на копчето Конвертирај.
Толку е. Посакувам успешно користење на конверторот на Логин Системи.
За помали текстови или во случаи каде е потребно да се конвертира текст без користење на Word, на располагање е и онлајн конверторот на Логин Системи.
📋 Ако ти користеше оваа објава, сподели ја со своите пријатели и соработници. Ако ти треба помош, пиши во коментар тука или за поголема видливост и побрз одговор, постави прашање тука.
Локации за преземање на ЛС КонвертМак:
👉 Конвертор за Microsoft Word
👉 Конвертор за Microsoft Excel
#конвертор #lskonvertmak