Пробната (бета) верзија за конверзија на кирилични фонтови во текст со македонската поддршка е изработена и е спремна за тестирање. Следејќи го концептот за Word, конверторот се вика ЛС КонвертМак за Microsoft Excel.
Ве молиме вашите сознанија, сугестии и грешки да ги пријавите со коментар на оваа страница. Ќе биде корисно ако овој пост го споделите на ваши соработници и пријатели за да може да се истестира што е можно подобро.
За неколку денови ќе го „затвориме“ развојот на конверторот и затоа е добро да се добие што е можно покорисен фидбек за да го подобриме конверторот за Excel. Конверторот може да се преземе на страницата за споделување на фајлови - алатки на Логин Системи.
Во очекување на вашиот фидбек, ви благодариме! ❤️