Здраво на сите, Пред неколку месеци го направив профилот според чекорите што беа тука објавени и за држава ја одбрав Словенија ( бидејќи знам имаше за неа доста дискусии дека работи ок). До пред некој ден се беше ок, но сега ми го блокираа профилот и бараат верификација на профил со адреса и документи. Бидејќи ја нема Македонија во тоа листата да одберам за да ставам трансакциска сметка, неможам никако да го користам профилот.
Направив сега и нов акаунт, и за држава ја одбрав Алб
анија (бидејќи тука имаше пост да се одбере Албанија, линк до објавата)
Прашањето ми е следно: Дали ќе имам проблем и со овој акаунт бидејќи ќе имам трансакции? Дали има шанси да ми го блокираат и овој профил, и ако да, што да правам? Како да го користиме Пејпел акаунтот без проблеми? Дали може да се користи цел профил и кога ќе ни побараат документи да им дадеме Македонски (бидејќи не ми ги прифаќаат) ?
Подоле има слики од проблемот.
Тој линк ми е пратен за верификација и те носи да ставиш сметка од банка и само тие држави можеш да ги одбереш.
И тука не збориме за напади туку блокирање на сметка зошто не сум од државата од која сум се регистрирал. И втор акаунт направив со истите чекори со држава Албанија па баш ќе видам што ќе се случи.
И мене ми работеше трансферот за картички на Македонски картички, но ете, ми пратија маил дека користам Македонски акаунт и да го верифицирам профилот. Веќе трансфер на картичка неможе т.е е заклучен - мора сметка од банка да додадам. Види горе и пораката што пишале, дека Пејпел има одредени функции во одредени држави.
Било која држава да ја одбереш, дали Албанија дали Бугарија, пак неможе да се докаже адресата (зошто сум од Македонија логички).
Paypal е безбеден сервис во интерес на клиентите. Како таков, може да блокира сметка ако насети дека има сомнителни активности. Од 2014та година јас сум сведок дека привремено ми е оневозможен пристап на сметката - тоа може да се јави ако повеќе пати сте ја погршиле лозинката, ако се обидувате да се најавите од повеќе земји во кус период, или ако префрлате една картичка на друга.
Правилата на Paypal се менуваат од време на време во зависност од разните „напади“ од страна или од сознанија за нови методи на злоупотреби.
Порано немаше можност да се пријави Македонија како место за правење бизнис во Македонија. Од оваа година, барем така лично сум воочил, има можност на бизнис сметката да се наведе дека земјата во која ќе се прави бизнисот (Country of incorporation) - подолу на сликата е избрано Macedonia.
Платежната картичка треба да одговара на земјата во која ќе се води бизнисот.
@Studio Grafika ,
Тоа што сте навеле погоре за поддржани земји за IBAN е ако сакате да правите банкарски трансфер наместо со кредитна/дебитна картичка. Оваа информација е ирелевантна за форумот бидејќи тука зборуваме за прием на пари на платежна картичка.