Народната Банка со работен мултидисциплинарен тим изработила работен текст на Закон за платежни услуги и платни системи.
Со овој закон се уредуваат:
видовите на платежните услуги,
давањето на платежните услуги,
издавањето на електронски пари,
основањето и работењето на платежните институции и на институциите за електронски пари,
транспарентноста на условите и обврските за информирање во врска со платежните услуги,
правата и обврските на давателите и корисниците на платежните услуги,
отворањето и користењето на сметката со основни функции, преносливоста на платежната сметка,
транспарентноста и споредливоста на надоместоците поврзани со платежните сметки и услуги,
постапките за решавање на спорови настанати при давањето на платежни услуги,
платните системи и конечноста на порамнувањата, надзорот над вршењето на платежните услуги,
супервизијата на платежните институции и институциите за електронски пари,
надзорот над операторот на платен систем,
надгледувањето на платните системи, единствениот регистар на сметки, како и
други прашања поврзани со платежните услуги.
Тони Мирчески во својата објава на форумот Отворенo банкарство за нови небанкарски играчи во платежниот бизнис пишува дека светското, посебно европското искуство укажува дека покрај банките, обезбедувачи на платежни услуги се лиценцирани небанкарски институции (фирми од приватниот сектор).
Работниот текст е на 150на страници и може да се преземе на делот за споделување на фајлови.
Вашите сугестии и предлози за подобрување на законот може да ги напишете во коментар подолу и истите потоа да ги проследиме во Народната банка.
Ви благодарам!
Здраво Венко, Дали ова значи дека конечно ќе можеме да префрламе пари во банка од средства како Пајонир, Transferwise за кои до сега банките ги блокираа трансферите? Исто така, дали со ова конечно се тргнати законските пречки за ПејПал да работи легално во Македонија? Поздрав, Ангел