Во последно време добивам позачестени прашања и информации за потешкотии во подесување на пејпал за продажба на производи и услуги. Пејпал е моја волонтерска активност на која се нафатив иако не го користам за продажба и во догледно време немам планови да го користам. Можно е да искрсне некоја можност во иднина, секако, но јас не ја гледам. Сепак, дел од времето враќам на заедницата и сакам што повеќе луѓе да го користат и да напредуваат со бизнисите.
Да се вратам на темата ... Тешко е да се оцени што може да е проблем ако акаунтот што сте го креирале не е оспособен за прием на пари. Може проблемот да е до акаунтот (заедно со Македонија како држава), може да е до картичката, може да е до банката, а може и се' заедно да е проблем. Може привремено Пејпал сајтот да не одобрува. Се' е можно.
За да може да утврдите што е проблемот, ќе ви дадам насоки. Прво и основно е да тргнеме од акаунтот (за купување) кој ќе го пријавиме во земја за која сме сигурни дека Пејпал за продажба работи. Еве ги чекорите.
1. Креирање целосно нова емаил адреса
Ќе креирате целосно нова емаил адреса за да може да ги отстраните сите претходни конфигурации што сте ги оставиле во Пејпал. Можете тоа да го сторите на gmail.com или outlook.com. Емаил адресата е добро да има некаков збор кој ќе биде сличен со називот на фирмата или на вас како индивидуа. На пример, venkokomerc@outlook.com.
2. Креирање на пејпал сметка за купување со назнака за друга држава
Овој чекор е (нај)важен. Прочитајте го овој чекор целосно пред да преминете на постапката за креирање на пејпал сметка за купување која е објаснета во објавата Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување.
Во поново време постапката за креирање на акаунт започнува со внесување на мобилниот број. Ставете македонски мобилен број кој навистина го користите - Пејпал ќе ви испрати код за верификација на СМС.
Кога ќе стигнете на екранот за адреса, наместо избор на држава Македонија - ставете Албанија или Бугарија (или било која држава која има поддршка за прием на пари). Освен државата, се' друго нека ви биде како за македонска адреса: адреса, општина, поштенски број. види слика подолу
Совет: Би советувал да ставите Албанија бидејќи сигурен сум дека македонската адреса не се проверува дали постои во Албанија.
Кога ќе ви побара да ставите број на картичка, ставете ја картичката на која сакате да примате пари. При тоа, најдобро би било оваа картичка да ја извадите од било која друга пејпал сметка - за секој случај да не прави конфликт таму или на новата сметка.
3. Креирање на бизнис сметка
Откако ќе ви се креира акаунтот за купување (персонална сметка), ќе преминете на креирање на бизнис сметка (акаунт). Постапката е објаснета во Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/.
Откако ќе ја креирате бизнис сметката - одете на линкот https://www.paypal.com/businessprofile/settings/info/edit за да проверите и евентуално ставите државата во која стопанисувате да биде Македонија. Ако не е Македонија, кликнете на копчето Edit и ставете Македонија - видете слика подолу.
4. Проверка дали сега ви е овозможено да примате пари
Откако сте ги поминале чекорите, треба да проверите дали сметката има можности за прием на пари.
Овие линкови подолу може да ви помогнат во верификацијата:
Кога конфигурирате бизнис сметка со Пејпал, ако има било какво ограничување, Пејпал нема да ви дозволи да наплатувате. Во превод, алатките за прием на пари нема да бидат на располагање. На некој начин сте обезбедени дека нема да заглавите ако ви се плати.
За крај
Ако сега може да примате пари - со среќа нека ви е бизнисот. Очекувам бакшиш за трудот - може да пуштите на линкот paypal.mk/loginsystems.
Креирање на PayPal.Me е објаснето во објавата Како-да: Креирање на профил PayPal.me за едноставно прибирање на бакшиши, донации и плаќања од купувачи.
Ако не можете да примате пари, веројатно е до картичката или до банката. Искуствено, македонските МАСТЕР картички не работат сеуште. Или пробјате повторно од почеток ...
@Blagoja Tashovski
Во меѓувреме се објави пост кој има повеќе инфо како се регистрира уплатата од Пејпал за производи и услуги - Евидентирање на наплатата преку Пејпал во сметководството или даночната управа УЈП.
Дали е ова без последици од правен аспект, да креираш ПејПал акаунт од друга држава а да примаш пари на македонска сметка?