Pocituvani blagodaram za organizacija na forumot za pay pall sakam da posocam Moe ednosmerno iskustvo so pay pall da mozes da kupuvas preku eBay I placas preku pay pall no I ne Kako fizicko lice da prodavas zakonski I primas pari na pay pall smetkata ,Bez nikakov odgovor iako povece pati se obrativ do Pau pall kade e problemot ,Kako I do obracanje do nekolku banki ovde kade nemaat odgovor imas validna smetka funkcionalna a pay pall ne ovozmozuva prodazba I priem na sredstva a dozvoluva kupuvanje,se nadevam deka preku ovoj forum ke se resi problemot ili ke dobieme soodvetni inf .so pocit blagodaram na odgovor.
top of page
Login Systems Forum
Got question?
Заштеди време за евалуација и подесување на Пејпал за прием на пари. Закажи термин за премиум консултација. 👇
Подесување на бизнис сметка и прием на пари со PayPal во Македонија
30 min
36 euros
If you are not site member, please register here
Most popular ...
Venko Gligorov, moderator
Why We're Great >
Venko Gligorov, moderator
Why We're Great >
Имаме сеопфатна понуда на софтвер за сметководство и деловно работење, и плус се грижиме нашите корисници и членови да бидат во топ форма.
Најново од Dynamics 365 Business Central
About the Forum
Provided by Login Systems
Логин Системи е компанија која во своето работење посветува внимание на деловната заедница во различни форми.
Покрај нашите деловни софтверски решенија кои овозможуваат поголема конкурентност и модерна работа според потребите на фирмите и организациите, преку форумот овозможуваме размена на бизнис искуства и знаења помеѓу членовите на заедницата.
Ви посакуваме пријатна работа!
Community Themes
bottom of page
Со мало закаснување , но од оправдани причини како што ветив ке споделам мое искуство за регистрација на paypal сметка. Ке Ви кажам и зошто. Според инструкциите креирав нова приватна сметка преку paypal.bg ја трансформирав во бизнис сметка и ги направив сите подесувања. Сметката ја направив како приватно лице за да ги прескокнам новите правила каде треба да се потврдува идентитетот на фирмата со прилог на документација (мојата фирма е во Македонија). Едниствено додатно што ми беше побарано да прикачам беше некој документ за лична идентификација како слика. Но за жал прикачувањето на страната едноставно неможеше да се направи и мојот акаунт беше како на стенд бај за идентификација. Немав трпение сакав веднаш после евентот да го средам и да напишам на форумот. Затоа решив уште еднаш да креирам сосема нови пристапни информации нов маил од нов домаин друга картичка и се што треба и направив нов акаунт преку Aлбанија paypal/al . Без проблем го трансформирав во бизнис и брзо го подесив (веке стекнав рутина 😀) . И се беше во ред до првото наредно логирање во акаунтот. во рок од 15 минути после креирањето и подесувањето добив порака од paypal дека сум суспендиран од пејпал ЗАСЕКОГАШ поради сомнителни акции. За прв пат после толку години користење добив директна порака (не автоматска) , незнаев дали да плачам или да се радувам што конечно некој ме контактираше па макар и да ми каже дека сум блокиран , ја искористив приликата и одговорив веднаш на пораката и пак добив за 5 минути одговор со образложение дека не се во можност да ми одговорат поради политиките на пејпал која е причината што сум блокиран. Одговорив со едно долго и сочно писмо кое не би го образложувал одма ако сака некој од групата ке му го пратам приватно. Но ситуацијата толку ме изнервира што решив да ставам крај со пејпал. Инаку јас знам зошто бев блокиран. При креирањето на сметката секогаш користам ист идентитет Име и презиме , не сакам да си го лажирам името и оваа комбинаторика што ја правиме не значи дека сме криминалци , хакери или незнам што... Затоа бев блокиран. Во нервоза ибришав се поврзано со пејпал. После една недела еве сега пред малку онака се уклучив на акаунтот што го креирав преку бугарија и сеуште стоеше статусот за потцрда на идентитет. Ајде си викам да пробам да додадам, овој пат ми дозволи прикачив македонска лична карта сликана помина верификацијата и потврдата на кредитната картичка и paypal почна да ми функционира , под итно ја интегрирав сметката во еден мој вебшоп и ја направив првата online paypal трансакција која беше успешна. Трансакцијата се спореведе од мојот македонски сајт на пејпал мојата сметка. Задоволството е големо и покрај тоа што трансферот е појавен на мојата сметка но е onhold . Очекувајте го тоа , парите би ви биле ослободени после 10 направени трансакции или трансакција поголема од 200 евра или во рок од 60 дена автоматски доколку имате (чисто досие) во пејпал. Сепак обидите најпосле вродија со плод и се исплати (Македонскиот) инает. Еве Ви на сите неколку корисни информации
користете сосема нов идентитет , ново име и презиме или фирма , адреса (секое поле при поднесувањето во базата на paypal се проверува дали веке постои и заради тоа сите информации поврзани со сметката да не паднат на автоматската проверка)
сосема нова кредитна или дебитна карта VISA (погледнете ги упатствата кои се поддржани картички и како да направите проверка)
Ви препорачувам сметката да ја отворите преку Албанија (подоцна одкако се ке ви профункционира можете да се логирате и од македонија и од секаде , и податоците што ги внесувате може да бидат македонски) исто имате инструкции и за тоа да не ги повторувам
За крај , Ви посакувам на сите успешна имплементација како во мојот случај. Голема благодарност до Венко и до сите присутни на онлине советувањето. Ви стојам на сите на располагање ако ви е потребна помош или совет.
п.с. затоа пишувам пост после две поминати недели затоа што ова погоре напишаното се одвиваше во тој период и немав намера да пишам воопшто ако не успеев.
Маријан Бандев