Здраво -Дали некој го искористил PayPal business account за DropShipping ?
-Дали за работа со Dropshipping, при креирањето на PayPal business account, од PayPal би побарале во Македонија да имаме претходно отворена фирма или може како физичко лице да работам без фирма ? -Дали при работа со Dropshipping може да плаќам данок само како физичко лице или мора да имам и фирма во Македонија ?
Ако некој има било каква информација би бил благодарен. Поздав и убав ден на сите. Ако постот не е за тука, или сметате дека не е овој форум ке го отстранам веднаш.
Здраво Сашо,
Даночниот експерт Павле Гацов пишува:
Повеќе за даночниот третман има на линкот од Павле Гацов: Даночен третман на плаќања и провизии кај Пејпал трансфери.
Накратко кажано, начинот на наплата преку Пејпал не го менува даночниот третман и важат соодветните законски прописи за правни лица или за физички лица.
На линкот Евидентирање на наплатата преку Пејпал во сметководството или даночната управа УЈП има повеќе за евидентирањето на трансакциите во сметководството.
„Евиденцијата на приходот во сметководството се прави на ист начин како да е традиционална продажба. Се користат контата за приходи на производи и услуги (повеќе: конто 740).
Ако е трговецот правно лице и ДДВ обврзник, се пресметува ДДВ за домашни купувачи – ако е купувачот странско лице се третира како извоз и соодветно се евидентира во сметководството (повеќе: конто 742).
Ако продавачот е физичко лице, приходот се евидентира за да се пресмета персоналниот данок.“