Разбрав дека PayPal Business функционира доколку отворите бизнис сметка, на правно лице корисник на НЛБ, што подразбира Visa Business од НЛБ.
Јас се регистрирав на PayPal Business, како правно лице, и све по пропис како што треба. Меѓутоа добивав порака дека сум лимитиран само во еден правец (испраќање средства). Кога ги контактирав PayPal, го добив подолу нивниот одговор, што е малку контрадикторен на искуствата што ги гледам кај некои од вас... И си го поставувам прашањето, дозволен е или не во МК, или само во НЛБ? Мојата фирма има сметка во Охридска Банка, или сега по најново како ги купија Шпаркасе корпорација.
Колку се разликува твојот одговор, полн со аргументи и факти, во споредба со оној од PP :) Значи да отворрам сметка за фирмата во НЛБ, Виза ауто-трансфер, и да пичам даље
На линкот Три клучни знаци кои покажуваат дали вашата Пејпал сметка може да наплатува пари од купувачите може да се провери дали бизнис сметката поддржува прием на пари.
Од нашето досегашно искуство се покажува дека MASTERCARD не поддржува Пејпал во Македонија. Имаме сознанија дека се разговара со Мастер за овозможување.
Уште една работа што е важна е дека пријавената картички во бизнис сметката треба да поддржува Ауто-трансфер (видете слика подолу).
Ако во бизнис сметката нема пријавено картичка што нуди Automatic Transfers - Пејпал не ги вклучува функционалностите за продажба преку Пејпал. Ова е заштита за корисниците на бизнис сметката затоа што може да се случи некој да ви плати, а Пејпал да нема механизам да ви ги префрли парите на картичката.
Најдобро е тие што имаат картичка што не поддржува Ауто-трансфер - да се обратат на банката-издавач на картичката.