Оваа рубрика е отворена како резултат на заложбите да се подобри состојбата со платежни системи и унапредување на соработката со светските платежни оператори како PayPal, Stripe, Skrill и останатите.
Во изминатиот период ме контактираа многу заинтересирани за Пејпал. По разни канали, на телефон, социјални мрежи, некои и лично. Се обидувавме во Логин Системи да направиме систем за информирање преку емаил, потоа стававме информации на сајтот.
За воведување на Пејпал во Македонија за продажни места е потребно да се менуваат закони, да си има пазар и производи и да има поголема масовност. Исто така е потребно да се споделуваат знаења од разни земји и од разни области, а сето тоа да биде некако концентрирано на едно достапно место за сите.
Затоа решив да ја отворам рубриката Платежни системи ... Иако поводот е Пејпал, на ова место можеме да пишуваме и дискутираме и за други оператори, за други услуги што ги нудат банките, и за други начини за наплата. Ќе се обидеме да го привлечеме вниманието на разните битни чинители во банкарско-платежниот сектор во Македонија.
Ве поканувам да се зачлените на форумот и активно да споделувате, коментирате и да лајкате ... Заедно можеме да ја избуткаме потребата од подобар и пофлексибилен платен систем во Македонија!
Најпрво би сакал да го поздравам форумот како еден голем придонес на бизнис заедницата за заложба за современ национален платежен систем. Од друга страна би сакал да истакнам како за почеток е терминолошката дистинкција на користењето на поимот платни системи кои се посебни ентитети со учесници (банки) кои согласно сегашната регулатива за бизнис секторот се единствени обезбедувачи на платежни услуги. Светското, посебно европското искуство укажува дека покрај банките како обезбедувачи на платежни услуги може да бидат небанкарски институции кои се лиценцирани од соодветен регулатор. За таа цел во ЕУ постои правна рамка од Директиви и Регулативи, Тука би сакал да ги споменам Директивата за платежни услуги 2 (PSD2- Payment Services Directive 2) и Директивата за електронски пари 2 (EMD2- E-money directive 2). Со овие директиви пазарот на платежни услуги ецелосно модернизиран и дигитализиран со појава на нови лиценцирани играчи на тој пазар како што се платежни иниституции, институции за издавање на електронски пари, институции за иницирање на платежни услуги и други т.н. fintech компании кои со користење на високоразвиени технолошки решенија пружаат платежни и други услуги. Овие директиви се game changer regulation, со кои се отвора банкарскиот систем за лиценцирани небанкарски играчи и се прави еден вид револуција на пазарот на дигитални платежни услуги. PayPal, Stripe, Skril,..се само дел од оваа револуција. Кај нас тоа треба да биде решено со носењето на Закон за платежните услуги.
Да се надеваме на еден динамичен период пред нас на ова поле....