Во објавата на Агенцијата за пошти од 08.04.2020 пренесуваме дел од нивните препораки.
Настаната ситуација со коронавирусот придонесува со забрзан чекор да се поттикне електронската трговија и во нашата држава, па во таа насока и да се зголеми бројот на онлајн нарачките и тоа со достава до врата.
Доколку се најдете во улога на купувач преку електронските помагачи (телефони, компјутери, таблети и сл.) пред да започнете со процесот на е-купување, Агенцијата за пошти Ви препорачува задолжително да направите проверка на онлајн продавницата од која сакате да пазарите. Ова е неопходно да се направи бидејќи на електронскиот пазар постојат и лажни електронски продавници.
Веб-продавниците кои се рекламираат дека вршат продажба на различни производи и услуги, исто така, треба да се проверат дали навистина постојат како официјално регистрирани трговци (во Централниот регистар на Република Северна Македонија или Управата за јавни приходи).
Во повеќе наврати, Агенцијата за пошти им укажува на купувачите-примачи на пратки, дека купување од непроверени профили на социјалните мрежи претставува голем ризик и дека поштенските оператори не одговараат за содржината на пратката. Поштенските оператори можат да преземат одговорност само за губење или целосно оштетување на пратката, за делумно оштетување или ограбување на истата или пак за пречекорување на рокот за достава.
Агенцијата за пошти ја поддржува е-трговијата и онлајн нарачките и ги охрабрува потрошувачите да имаат доверба во македонските е-продавниции да купуваат од нив бидејќи домашната понуда е зголемена и успева да ги задоволи потребите на купувачите кои се одлучуваат за електронско пазарење. Со ваквиот чекор ќе придонесеме и за развој на домашната економија.
Целата објава ПРЕПОРАКИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ: КАКО ДО БЕЗБЕДНО ОНЛАЈН КУПУВАЊЕИ СИГУРНА ДОСТАВА прочитајте ја тука.