Здраво. Ги следев сите упатства за креирање биснис акаунт, ја верификував и картицата за на крај да го добијам ова


Дали да се обратам до контакт центарот? Имал ли некој вакво искуство?
30 min
If you are not site member, please register here
Why We're Great >
Why We're Great >
Имаме сеопфатна понуда на софтвер за сметководство и деловно работење, и плус се грижиме нашите корисници и членови да бидат во топ форма.
Provided by Login Systems
Логин Системи е компанија која во своето работење посветува внимание на деловната заедница во различни форми.
Покрај нашите деловни софтверски решенија кои овозможуваат поголема конкурентност и модерна работа според потребите на фирмите и организациите, преку форумот овозможуваме размена на бизнис искуства и знаења помеѓу членовите на заедницата.
Ви посакуваме пријатна работа!
Благодарам за советот.
Мене ми се случи ова пред 3-4 години. Ми блокираа два акаунти. Тогаш пробував повеќе варијанти со различни адреси и картички - и ме блокираа.
Ова се механизми на Пејпал да ги заштите самите корисници ако некој се обидува да пробува разни комбинации. Оваа заштита не е поврзана со земјата како што е Македонија. Пејпал системот следи некои најавувања што според него ги окарактеризирува како „сомнителни“ - и презама акција.
Што би било решението?
Да се почека некое време. Јас, на пример, пробав после една година и беше успешно креирањето - при тоа ги користев долу наведените инструкции.
Значи, во твојот случај, би било најдобро да направиш следното (секако и да почекате неколку денови пред да почнете со постапката):
✅ Нова емаил адреса од домен што не е употребуван никогаш од Пејпал
✅ Нова платежна картичка, некористена во Пејпал претходно за креирање на бизнис акаунт во Пејпал
✅ По можност, нова адреса, неупотребувана во Пејпал претходно
✅ Ако постои можност да ставите и веб сајт од некој од светските провајдери, дека таму ќе се користи пејпал акаунтот. На пример, Word Press, Wix, Etsy, eBay, ...
✅ Најдобро би било да се најавите на Интернет од друг провајдер наместо провајдерот од каде ви ја блокирале сметката.
✅ Ако е можно, платежната картичка да се стави на крајот од целиот процес.
✅ И при најавувањето, да проверите дали има најмалку 300 денари на картичката, како и тоа дали евентуално банката го стопирала сервисот за автоматско повлекување на пари од други провајдери заради проверка. Овој линк може да користи за лимитот на самата картичка https://www.loginsystems.biz/forum/main/comment/5f22baeb191b6d001729aa96.
Потребно и да ги следите упатствата за креирање на персонален акаунт во поглед на државата.
ПС Паралелно со ова, корисно е да пуштите информација/емаил до Пејпал во барање за објаснување зошто ве блокирале.
Имај успех!