Ако корисникот на бизнис сметка има салдо на бизнис сметката во Пејпал, истите му се префрлаат на платежната картичка на 1ви во месецот. Подолу е скриншот од емаил пораката што ја праќа Пејпал како известување дека сите средства од сметката се префрлени на платежната картичка - во конкретниот случај на НЛБ ВИСА бизнис картичка.
Во дешбордот на сметката на Пејпал се евидентира трансакцијата за преглед и печатење - види слика подолу.
Износот за автоматски префрлување на салдото на 1ви во месецот може да се постави да биде повисок. На сликата подолу е прикажано префрлување на салдо на приватна дебитна картичка НЛБ ВИСА - од само 0,60 евра.
Ако платежната картичка е денарска, парите не се видливи веднаш - потребно е банкарскиот службеник да ги раскнижи. Обично тоа трае од 1 до 3 работни денови.
Ако платежната картичка е девизна - е за таа опција немаме искуство. Ќе треба да сочекате да напишеме или некој друг да напише. 😎😎😎
Важна напомена Приливите од Пејпал имаат ист третман како да сте примиле пари на жиро сметка. Приходите треба да се евидентираат соодветно било да сте фирма или индивидуалец - фриленсер. Даночниот експерт Павле Гацов пишува тука.
Со успех нека е продажбата и наплатата ... 🙏😉👏
Корисни линкови
Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари
Како-да: Пренос на заработеното преку Пејпал -->> на салдото од вашата платежна картичка
Здраво!Ми треба ваша помош во врска со бизнис акаунтот на
PayPal.Благодарение на ВАС и вашите совети пред месец дена направив
бизнис Профил на PayPal преку Бугарскиот линк. Се регистрирав како
freelancer со назнака дека продавам дигитални производи.Ја ставив
картичката од НЛБ Visa Дебит (имам денарска и девизна $ трансакциска
сметка на истата ) ја верифицирав со кодот кој ми го испратија од PayPal
и е линкувана со сметката.email адресата од мојот Paypal ја имам ставено
на три интернет продавници и веќе имам неколку приливи на доларчиња :-)
Мојот проблем е што на 1 Октомври немав автоматско префрлање на
средствата на мојата картичка,ако може да ми дадете совет каде да ја
уклучам таа афтоматска трансакција?????Имам две опции: Да направам
трансвер на средствата на мојата картица, едната е ВЕДНАШ и земаат некој процент и втората е без провизија ама за два три дена ке бидат
префрлени....Од моето претходно лошо искуство со Paypal многу ретко се
најавувам на мојот профил,вчера се најавив и ги направив сите нарачки
како да се испратени,незнам зошто стојат тие опции за транспорт кога јас
продавам digitaldownload ???Можеби тука е проблемот???Еве денес повторно неможам да се логирам на сајтот од PayPal,Веќе неколку дена имам проблем со најава и вчера ми успеа со код испратен на мојот мк телефон....Ве молам за помош