Изминатиов период одржав две онлајн советувања, неколку сесии еден-на-еден, разменив искуства со некои членови на форумот. Врз основа на согледувањата, можам да споделам резиме од совети кои може да бидат корисни за отворање на бизнис сметка Пејпал во Македонија. Преку ваквата бизнис сметка ќе може да се наплатува за производи и услуги преку веб, емаил, или онлајн продавници.
Општо земено, најдобро е да почнете од се' што е ново, посебно ако веќе сте имале претходно некои активности со Пејпал за купување и наплата. Ова би биле чекорите/советите за креирање на бизнис сметка:
✅ Нова емаил адреса од домен што не е употребуван никогаш од Пејпал. Може да биде gmail, yahoo, outlook, како и доменот од вашата организација или веб сајт.
✅ Нова платежна картичка, некористена претходно во Пејпал што ќе се линкува на бизнис акаунтот во Пејпал.
✅ По можност, нова поштенска адреса, неупотребувана во Пејпал претходно. Тоа може да биде домашна адреса, адреса на седиштето на фирмата или адреса на адвокатот/сметководителот.
✅ Подобро ќе биде ако постои можност да ставите и веб сајт од некој од светските провајдери, дека таму ќе се користи пејпал акаунтот. На пример, Word Press, Wix, Etsy, eBay, ... Повеќе на Поставување на PayPal на веб сајтови направени со Wix, Weebly и WordPress.
✅ Најдобро би било да се најавите на Интернет од друг провајдер наместо провајдерот каде претходно сте користеле ПејПал или ви ја блокирале сметката. Уште подобро е ако сте имале акаунт и сте користеле еден веб прелистувач (браусер), да пробате со друг браусер, или да го избришете кешот и историјата од постоечкиот. Подобро е со друг браусер.
✅ Прво се креира нов персонален акаунт кој ќе служи како основа за бизнис акаунт. Повеќе на Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување.
✅ Потоа се креира бизнис акаунт (сметка) која ќе служи за наплата на производи и услуги. Повеќе на Линк за отворање на бизнис сметка во Пејпал.
✅ Ако е можно, платежната картичка да се стави на крајот од целиот процес. Повеќе на Кои кредитни/дебитни картички поддржуваат продажба преку Пејпал - проверете дали има опција Ауто-трансфер.
✅ И при најавувањето, да проверите дали има најмалку 300 денари на картичката, како и тоа дали евентуално банката го стопирала сервисот за автоматско повлекување на пари од други провајдери заради проверка. Овој линк може да користи за лимитот на самата картичка https://www.loginsystems.biz/forum/main/comment/5f22baeb191b6d001729aa96.
* Потребно и да ги следите упатствата за креирање на персонален акаунт во поглед на државата.
Корисни линкови:
Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата)
Листа на платежни картички од МК банки за прием на пари преку Пејпал
Одговори на некои често поставувани прашања за Пејпал за Македонија - јануари 2021
Овој форум во секцијата за Пејпал www.loginsystems.biz/paypal
На линкот за настани, проверете дали има некој настан поврзан со Пејпал во наредниот период www.loginsystems.biz/nastani.
Ако ви е потребна премиум услуга, 1-на-1, тогаш закажете средба на линкот подолу.
Zdravo dali od Sparkasse Banka so Kartica moze da se raboti so PAYPAL