Сакам да прашам дали во меѓу време има некој креирано нов бинис Пејпал акаунт и да има прилив на пари? Во интерес на заедницата е да споделуваме искуства, добри или лоши. Така ќе можеме да влијаеме да се подобрува услугата и да се прилагодуваат условите за трговците и претприемачите во Македонија.
Ве молам коментирајте на овој пост или креирајте нов пост на https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-post.
Ако нешто не ви е јасно, поставете прашање на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-question.
Ќе го затвориме овој пост за коментари и ако има потреба:
Ве молам коментирајте на овој пост или креирајте нов пост на https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-post.
Ако нешто не ви е јасно, поставете прашање на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-question.
Одлично што сте успеале @Elena Stavreska. Како што ви пишува во известувањето, можете да примате пари, а истите ќе ви бидат расположиви после 30 денови. Овие услови Paypal ги менува од време на време и од акаунт до акаунт (дали е нов, дали има некоја сомнителна историја, итн итн), дел заради заштита на самите корисници. Во секој случај, ќе треба да се стрпите 30 денови за да ви се „ослободат“ средствата.
Update: Успеав да креирам бизнис акаунт преку Албанија и луѓе успејаа да ми префрлат средства, меѓутоа немам опција withdraw, а кога го креирав paypal акаунтот, на мејл ми стигна известување дека постои некој си 30 day pending balance. Во прилог ги ставам и овие скриншотови, на првиот се гледа paypal салдото (без копче за повлекување на парите), како и целиот имејл со информацијата за 30 day pending balance. Што значи тоа што немам опција за повлекување на средствата и дали 30 day pending значи дека после 30 дена ќе можам да си ги повлечам средствата? p.s. Многу ви благодарам за помошта и за можноста тука да споделуваме искуства и да се информираме. Поздрав.
Здраво. Јас уште пред неколку месеци успеав да го апдејтувам својот стар paypal акаунт во бизнис акаунт. Ги проследив сите чекори во објавата „Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари“. Како што е таму опишано, ми земаа некоја симболична сума за конфигурирање на картичката (Visa дебитна картичка од НЛБ). Сето тоа беше успешно, но сепак нешто беше чудно во сетинзите (не можев да ги најдам подесувањата за прием на пари), па така таа работа постојано ја одложував, а во меѓувреме ги следев објавите и коментарите поврзани со темава. Сега забележувам дека на мојот бизнис акаунт не постои можност за подесување за прием на пари, Дури и кога се обидувам да креирам свој Invoice темплејт, го пишува следново „Your Account May Only Be Used to Send Money“. Има ли решение за овој проблем? Што треба да направам со мојата бизнис сметка за да можам да примам пари на неа?
Здраво !
Стариот акаунт сега за сега си ја врши работата,но за секој случај пред месец и пол дена отворив нов бизнис акаунт, овој пат преку Албанија.За овој акаунт ја искористив Visa кредитната картичка од Комерцијална Банка.Направив проверка и функционира и за чудо на овој акаунт на први во месецот имав афтоматски трансвер на картичката,на стариот акаунт преку Бугарија со НЛБ Картичката морам сам да ги префрлам средствата???
Поздрав до сите и имајте успешна работа.