Прием и наплата на пари од купувачите се прави само со креирана бизнис сметка во Пејпал. Посете го линкот Креирање на бизнис сметка во Пејпал ако не сте креирале бизнис сметка.
Иако бизнис сметката ви е креирана, кај некои корисници нема можност за прием на пари. За да утврдите дали вашата бизнис сметка во Пејпал може да прима пари односно да наплатува за продадените производи и услуги, потребно е да ги проверите следните работи.
1) Дебитната/кредитната картичка треба да е линкувана со сметката
На адресата https://www.paypal.com/businesswallet/money треба да проверите дали картичката е прикажана и нема на нејзе никаков екстра знак.
Ако има извичник, икс, прашалник или било каков екстра знак, тоа покажува дека не е до крај линкувана картичката со бизнис сметката. Кликнувате на самата картичка и конфигурирате.
2) На главниот дешбоард треба да имате линк Withdraw Money
На адресата https://www.paypal.com/mep/dashboard се наоѓа дешбордот за вашата бизнис картичка.
Ако под текстот на салдото на картичката не пишува Withdraw funds (повлекување пари), тогаш веројатно бизнис сметката не е конфигурирана за прием/наплата на пари од продажба на производи и услуги.
3) Алатките во Пејпал содржат апликации за бизнис
Ако од менито Tools изберете командата All Tools, ќе ви се појави листа на апликации за работа со бизнис сметката. Можете да одите и директно ако кликнете на овој линк - https://www.paypal.com/merchantapps/myapps.
Ако во менито лево на екранот имате само две - три команди, тоа значи дека бизнис сметката не е конфигурирана за прием на пари. Посебно треба да видите дали ги има командите Get paid, Integrate PayPal и Sell your products.
...
Ова се главните знаци дали вашата сметка има можност за прием на пари. Ако една од овие точки не е исполнета, вашата сметка не е „способна“ за прием на пари. Обратете се на вашата банка за помош и за проверка.
✍️ Напишете коментар со вашето искуство при проверката на картичката. Лајкнете ја објавата ако ви беше корисна. Споделете ја на вашиот пријател за да му користи и нема. Благодарам! 💙
Здраво на сите што учествувате во овој форум, барам помош да споделите искуства. Ќе ви раскажам моето искуство.
Успеав да направам Бизнис смека на пејпал, користејќи го упатството наведено во постот, но со мала промена.
Како прво кога ќе се проба да се направи прво пејпал сметка за купување веднаш бара верификација на мобилен, и веднаш го дава телефонскиот префикс за Македонија +389 .......... .
Потоа според упатството ставив во националност Албанија и останатите информации и потоа се креира сметката за купување.
Кога пробав потоа да направам надградба на пејпал бизнис сметка, не ми даде, ми даде порака дека веќе има сметка со таа е-маил адреса, и не ми даде опција за да направам упгрејд на постоечкиата сметка во бизнис сметка.
Прво тоа ми е ново креирана е-маил адреса на gmail, платежната картица што ја вметнав е Виса картица од НЛБ банка која ја немам никаде ставено на пејпал.
Потоа пробав директно да го отворам линкот за бизнис сметка, ја ставив емиал адресата на gmail, ставив во националност Албанија, и сите останати податоци, ја ставив виса картицата од НЛБ банка и успеав да ја регистрирам пејпал сметката , во прифилот ми пишува дека е бизнис сметка. Но проблемот е што сепак ми дава опција при setup bussines account следната порака - Your Account May Only Be Used to Send Money .
Значи пишува во профилот дека е бизнис сметка, а сепак нема можност за да добиеш средства, туку само да плаќаш. Имам со друга емаил адреса веќе креирано одамна пејпал сметка за купување со линкувана виза картица од друга банка , и интерфејсот на профилот е многу поразличен од овој новиот пејпал бизнис профил што го направив со новата емаил адреса.
И друго-кога ќе го отворам линкот на пејпал веднаш ми го вчитува овој URL:
https://www.paypal.com/mk/home . Веројатно и покрај тоа што имам ставено дека е националност Албанија и ми е успешно креиран бизнис профил, можеби проверува по IP adresa дека е македонски интерне провајдер и веднаш ми го дава тоа URL и во сметката не ми дава да примам средства.
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ ДАЛИ ИМА НЕКОЈ ПОНОВО ИСКУСТВО ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПЕЈПАЛ БИЗНИС СМЕТКА.
БЛАГОДАРАМ
Ништо, тотално неуспешно. Изгледа само Венко успеал, браво за него за другите не постои опцијава нажалост.
Се пробав, сите опции. Нов акаунт со нов емаил со бизнис картичка со се. Се верифицираше картичката успешно стига до чекор како на скриншот и кога кликаш go to setup пак на исто те враќа.
Пишав и до нивната корисничка поддршка па ќе видиме.
Поздрав, Даниел