Креирање на сметка за наплата на производи и услуги преку Пејпал во Македонија не е сложена постапка. Сепак си има свои специфики и ако не се прават чекорите по одреден редослед, обидите за креирање на сметка може да бидат неуспешни.
Логин Системи како општествено одговорна компанија издвојува свои ресурси, време и можности за да им олесни на фирмите и поединците во нивните напори за онлајн наплата преку помош во креирање на бизнис сметка на Пејпал. Ова е волонтерска, непрофитна активност на Логин Системи.
На потенцијалните заинтересирани за бизнис сметка на Пејпал, изработивме неколку начини и канали за помош во креирање и користење на сметка paypal за наплата на производи и услуги. Погледнете ги подолу.
Самостојно со помош на содржините од овој форум 👇👇👇
Форумот на Логин Системи изобилува со информации и објаснувања за успешно креирање на сметка за Пејпал. На форумот може да се постават прашања, да се сподели искуство и информација. Линкот е www.loginsystems.biz/paypal.
Онлајн курс со самостојно темпо 👇👇👇
Консултации 1 на 1 👇👇👇
За техничка и друга поддршка, секако дека е пожелно да го контактирате Пејпал на https://www.paypal.com/mk/cshelp/personal.
Се надеваме дека ви помогнавме и со успех користењето Пејпал/Paypal! 🙏🙏🙏