Управата за јавни приходи ги објавува обрасците за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020. Ова е во согласност со Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19 („Службен весник на РСМ“, бр.267/2020).
За остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците до Управата за јавни приходи. Поднесувањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.
Барањето може да го превземете подолу или од страницата на УЈП.
Извор: Управа за јавни приходи