Податоци од Државен завод за статистика
Државниот завод за статистика објавува дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите:
Трговија на големо и трговија на мало (18.6%);
Поправка на моторни возила и мотоцикли (18.6%),
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.0%) и
Административни и помошни услужни дејности (17.7%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.6%),
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.7%) и
Уметност, забава и рекреација (3.2%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 49.397 денари.
Податоци од Управата за јавни приходи
Според просечната плата во Македонија која изнесува 49.397 денари, Управата за јавни приходи ги утврдува и објавува најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување за периодот од Јануари до месец Декември 2023 година.
Најниската основица за пресметка на придонесите за 2023 година изнесува 24.699,00 денари (50% од 49.397)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2023 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 790.352,00 денари (16 x 49.397)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2023 година за самовработено лице изнесува 592.764,00 денари (12 x 49.397)
Воедно УЈП ги информира обврзниците дека треба да ја преземат најновата верзија од клиентскиот софтвер МПИН - кликнете на линкот подолу.
Извор:
Корисни линкови и пресметки
💡 За да се подготви МПИН за јануари 2023, потребно е да се симне најновата верзија на апликацијата од УЈП - линк.
💡 Преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години
💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata
Месечното даночно ослободување за 2023 изнесува 9.038 денари. Повеќе на линкот УЈП: Пресметка на плата за 2023 година - нова верзија на клиентскиот софтвер и ново даночно ослободување.