Годишната даночна прија за 2019 година е пропишана со Правилникот за формата и содржината на годишната даночна пријава за утврдување данок на личен доход, начинот на доставување на годишната даночна пријава од страна на УЈП и нивно потврдување од страна на обврзникот- граѓанинот.
Согласно член 4 од овој Правилник, годишната даночна пријава образец ДЛД-ГДП за 2019 година, УЈП ја доставува на два начина:
преку системот на УЈП за регистрираните даночни обврзници, е-ПДД
преку пошта во хартиена форма, за даночните обврзници кои не успеале да се регистрираат во системот на УЈП, е-ПДД
Sekogaš profesionalna👍👌👏