Вчера беше објавена и влегува во сила, Уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.
Во Уредбата стои, дека само полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои ќе се најдат на листите изготвени од страна на УЈП, Министерството за образование и наука и Фондот за здраствено осигурување, може да имаат платежна поддршка преку оваа картичка, односно граѓани со низок доход, вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19.
Уредбата е со Прилог 1- Каде може да се користи домашната платена картичка:
· Објекти за сместување
· Хотели и слични објекти за сместување
· Одморалишта и останати објекти за пократок престој
· Кампови, автокампови и простори за кампирање
· Друг вид на сместување
· Дејности за подготовка на оброци и служење на xрана
· Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана
· Услуги на доставување на xрана и пијалаци за посебни прилики (кетеринг)
· Останати услуги за подготвување и служење на xрана
· Подготовка и послужување на пијалаци
· Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив
· Дејности на туристичките агенции
· Дејности на организаторите на патувања (туроператори)
· Останати резервациски услуги и дејности поврзани со нив
· Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли
· Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со xрана, пијалаци и тутун
· Друга трговија на мало во неспецијализирани продавници
· Трговија на мало со овошје и зеленчук во специјализирани продавници
· Трговија на мало со месо и производи од месо во специјализирани продавници
· Трговија на мало со риби, лушпари и мекотели во специјализирани продавници
· Трговија на мало со леб, печива, колачи и слатки во специјализирани продавници
· Трговија на мало со пијалаци во специјализирани продавници
· Друга трговија на мало со xрана во специјализирани продавници
· Аптеки
· Трговија на мало со козметички и тоалетни препарати во специјализирани продавници
· Трговија на мало со xрана, пијалаци и тутунски производи на тезги и пазари
· Трговија на мало на тезги и пазари со текстил, облека и обувки
· Трговија на мало со други стоки на тезги и пазари
· Трговија на мало преку пошта и интернет
· Друга трговија на мало вон продавници, тезги и пазари
· Фризерски салони и салони за разубавување
· Останати лични услужни дејности, неспомнати на друго место
· Граѓани запишани во регистарот за угостителска дејност од мал обем за вршење услуги за издавање легла за гости-туристи во домашно сместување
За дискусија 😊
За оваа платежна картичка не се аплиицира, граѓаните после пет дена од влегување во сила на Уредбата, можат да ја проверат конечната листа на корисници за финансиска поддршка, која Владата на Република Северна Македонија ќе ја објави на www.kupuvamdomasno.gov.mk.
Со проверката ќе го добиете и податокот, во која банка ќе биде издадена ДПК (домашна платежна картичка) и висината на финансиската поддршка.
Fantastichna inicijativa! Mozhete da objasnite kako mozhat individualci da apliciraat za vakva kartichka.