Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности.
Dynamics NAV е модуларен и тесно интегриран софтверски систем кој информатички ги поддржува следните активности:
Сметководство и финансиски менаџмент за менаџирање на парите, средствата и банкарството
Ланец за снабдување, производство и логистика за евиденција и управување со производството, залихите, порачките и добавувачите
Продажба и сервис за менаџирање на коминтентите, продажните можности/зделки и договорите за одржување и сервис
Управување со проекти за креирање на проценки, водење на проекти и менаџирање со капацитетите
Деловна интелигенција и систем на извештаи за детален и општ преглед на работата на организацијата и носење на одлуки поткрепени со факти
Поддршка за интернационални валути за конкурирање на интернационалниот пазар со различни валути и јазици
Флексибилно инсталирање на сопствена опрема или во „облак“ според модел кој најдобро одговара на потребите на организацијата.
Функционалностите на Dynamics NAV се организирани во три групи: почетен пакет (starter pack), проширен пакет (extended pack) и македонска локализација. Почетниот пакет уште се нарекува и стандарден пакет.
Функционалности во Стандарден пакет
Starter Pack е за компании кои имаат базични потреби од финансии/сметководство и функционалности во трговијата: вклучувајќи; Управување со финансии (главна книга и основни средства); Базично управување со синџирот на снабдување и управување со продажбите (продажби, набавки и залихи); Професионални услуги (проектен менаџмент). Овој пакет содржи широк опсег на анализи и извештаи за увид во бизнисот и деловното работење.
Финансиски менаџмент
Главна книга | Алокација | Буџети | Распоред на сметки | Консолидација | Основен XBRL | Евиденција при измените во податоците | Прогноза на паричен тек | Основни средства | Осигурување | Одржување | Основни средства - алокација | Ре-класификација | Управување со сметки во банки | Ракување со плаќања | Помирување на сметките во банките | Ракување со исплата | Основни критериуми | Напредни критериуми | Неограничен број на компании | Повеќе валути | Одложувања
Менаџмент во ланецот на снабдување (Материјално/магацинско работење)
Основни побарувања | Фактурирање при продажба | Управување со продажни порачки | Попусти на продажни фактури | Алтернативни адреси за испорака | Агенти за испорака | Управување со враќање на продажни порачки | Попуст на продажна линија | Цени за продажна линија | Данок на продажба | Основни обврски | Фактурирање за набавки | Управување со набавни порачки | Попусти за набавни фактури | Управување со требувања | Алтернативни адреси за порачка | Управување со вратени набавни порачки | Попуст за набавка на линија | Цени за набавни линии | Drop Shipments | Продажни лица / Набавувачи | Залихи и магацини | Повеќе локации | Магацински броеви на артикли (SKU) | Алтернативни добавувачи | Асемблирачко производство | Пренос по локации | Заменски производи | Крос-референтни артикли | Нескладишни артикли | Следење на артиклите | Прикачување трошоци на артикли | Бин | Пик | Аналитички извештаи | Буџетирање на залихи/артикли | Работни текови (Workflows) | Управување со документи и OCR | Е-услуги
Управување со односи кон купувачите - CRM
Менаџмент со контакти | Управување со задачи | Интеграција со Microsoft Outlook | Класифицирање на контактиа | Управување со кампањи | Управување со можности/тендери | Управување со интеракции / документи | Евидентирање на мејлови во Microsoft Exchange | Интеграција со Microsoft Dynamics CRM
Проектен менаџмент
Базични ресурси | Управување со капацитети | Повеќекратни трошоци | Проценки | Задачи / чекори | Проекти | Временски лист / распореди на времиња
Управување со човечки ресурси
Базични човечки ресурси
Останато
Повеќе јазици за документи | Повеќе јазици | ПодружницИ | Intrastate | Проширен текст | Џобови за изведување по распоред | Кодови за причини
Функционалности во Напреден пакет
Напредниот пакет е наменет за компании во растечки стопански гранки, средно големи организации или во фирми кои имаат посложени оперативни активности. Таквите организации имаат потреба од повеќе функционални потреби во адаптибилно решение кое вклучува напредно складирање, производство и сервис. Напредниот пакет ги вклучува сите функционалности од Starter Pack.
Проширен финансиски менаџмнет
Центри за одговорност | Книжења за поврзани компании (интер-компании) | Сметководство на трошоци
Сервис
Управување со сервисни налози/порачки | Управување со сервисни цени | Менаџмент со сервисни артикли | Сервисни договори | Планирање во сервис и диспечерски работи
Магацинско и материјално работење
Ветување на порачки | Календари | Цени за кампања | Броење на циклуси | Документи Put Away (стави ја настрана) | Прием во магацин | Испорака од магацин | Работен лист за стандардни трошоци | Системи за магацинско управување (WMS) | Интерни Picks и Put Away | Систем за автоматизирано преземење на податоци | Подесувања на бинови
Функционалности на македонската локализација
За да може да се користи во Македонија, Логин Системи изработи пакет од функционалности наречени македонска локализација. Логин Системи го прилагоди и дополни популарниот ERP систем со Македонска локализација и надополнувања за да ги задоволи македонските закони, прописи и потреби на корисниците во Македонија.
Македонската локализација и надополнувањата се поставени во функција во многу компании и организации повеќе години наназад. Сите овие организации имале контроли од УЈП или од ревиорски куќи и добиле позитивно мислење за нивниот ERP систем.