Современите потреби на организациите се многу поголеми од базичното водење на сметководството независно дали се изведува интерно или со помош на сметководствено фирма. Тие имаат зголемена потреба од интегрирано водење на деловните книги какви што се главната книга, даночната книга, книгите на купувачи и добавувачи, движење на артиклите и лагерот како и односите со коминтентите. Ваквите потреби на организациите се решаваат со користење на софтверски ERP системи.
ЕРП системот овозможува интегриран поглед кон основните деловни процеси во реално време со користење на заеднички бази на податоци. Тој води евиденција на деловните ресурси какви што се парите, суровините, лагерот, опремата, капацитетот на производството, како и статусот на деловните обврски: порачки, набавни порачки и плати. Апликациите или модулите од ЕРП системот споделуваат податоци помеѓу различни деловни оддели во организацијата и овозможуваат проток на информации помеѓу деловните функции во организацијата.
Повеќе за ERP има на постот „Општо за ERP“.
На илустрацијата подолу е прикажан концептот на работа на сметководството со помош на ERP. Главната карактеристика е тоа што со самото креирање на фактурата кон купувачот и нејзиното постирање (книжење), се ажурираат помошните книги какви што се книгите на купувачи, даночната книга, книгата на артикли или услуги - за да на крајот се запише во главната книга од сметководството со соодветните потребни книжења.
Сметководствен систем со ERP софтвер
Слично се постапува и со другите документи. Сите други трансакции и повремени документи какви што се одлуките се запишуваат во општиот дневник и потоа се прокнижуваат. Од тука може да се заклучи дека при креирањето и затворањето на документите организацијата си го извршува потребното книжење во сметководството. Ако таквите случаи се повеќе од 90% од работењето, тоа би значело дека организацијата има реализирано сметководство од 90 и повеќе проценти.
Друга важна работа е дека главните финансиски и менаџерски извештаи се креираат од една единствена Главна книга и затоа секогаш одговараат на тековната ситуација. Бидејќи книжењата на набавките и продажбите се прават во реално време, извештаите се секогаш навремени и точни.
Повеќе на темата има на блогот "Трендови во сметководството кај малите фирми и невладините организации".
Вашите коментари и забелешки се добредојдени. Повеќе за Венко има на https://www.loginsystems.biz/members/venko-gligorov/about