Вчера, 03.01.2025, Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација, објави дека секој електронски документ издаден од Националниот портал или од било која друга државна институција може да се отпечати и да се користи со целосна правна валидност.
Според него, измените во Законот за електронски документи овозможуваат печатените електронски документи од државните институции имаат иста легална и правна вредност како оригиналот, без потреба од дополнителна верификација. Валидноста може да се потврди со скенирање на кодот QR кој води до орииналниот документ.
Извор: https://www.linkedin.com/posts/activity-7280871124626726912-bGV6