Во сценарија кадешто вработените работат на две работни места или имаат плата и дополнителни приходи, потребно е да се внимава на поединечните износи кои се помали од прагот за прогресивен данок, а нивниот вкупен износ за месецот е поголем од прагот за прогресивен данок.
На пример, лице работи на две места со вкупни примања од 120.000 денари нето износ. Неговиот ангажман е 50% во едната фирма и 50% во другата фирма - што ќе рече по 60.000 денари на секое место.
За 60.000 денари бруто износот е 90.728 денари - види слика 1 подолу.
Во нормалната пресметка на плата од 60.000 денари, прагот за прогресивен данок не е надминат и затоа се пресметува персонален данок од само 10%.
Но, ако се земе дека вработениот има месечни примања од 120.000 денари тогаш се пресметува и прогресивен персонален данок.
И во двата случаи вработениот зема вкупна месечна плата од 60.000 денари. Ако се погледне бруто платата, излегува дека вкупната бруто плата во двата случаи е различна.
90.728 + 90.728 = 181.456 денари. Овој износ е различен од 187.317 денари за 5.860 денари.
Ќе си речете: гајле ми е, јас си добивам 120.000 денари. Проблемот настанува кога УЈП ќе пресмета колку персонален данок треба да се плати. Вработениот уплатил месечен персонален данок од 11.556 денари, а УЈП ќе побарува персонален данок во износ од 15.805 денари - тоа е 4.249 денари повеќе. Во пракса тоа значи дека наместо 120.000 денари, вработениот ефективно добива 4.249 денари помалку месечно (120.000 - 4249 = 115.751 денари).
Со пресметката на ефективната плата (или нормирана месечна плата) се добива пресметка на персонален данок како што пресметува УЈП, вработениот добива реална плата од 120.000 денари месечно. Каде оди разликата? Кај работодавачот.
Со пресметката на ефективната плата, вработениот добива плата како што му е предвидено, УЈП пресметува на месечно ниво колку што издвоил вработениот, а разликата ја надоместува работодавачот.
Како се пресметува ефективна плата?
Калкулаторот на плата што се наоѓа на линкот www.loginsystems.biz/presmetaj-plata вклучува опција за пресметка на ефективна плата. Така, ако во износот на нето плата се стави нормираната месечна плата од 120.000 денари, а во полето Ангажнан % се стави 50, тогаш нето платата ќе биде 60.000 но ќе се пресметаат давачки како за 120.000 денари со вклучен прогресивен данок.
Не заборавајте да штиклирате полето Персонален данок на ефективна плата.
Дали ова проаѓа кај работодавачот? Паааа ... треба да се преговара. 😉😉😉