Агенцијата за сметководство и едукација, Каровска, ги информира своите корисници и соработници дека новиот Закон за заштита на личните податоци, Службен весник бр.42/20 од 16.02.2020, стапи на сила и се применува од 24.02.2020 година. Рокот за усогласување на работењето на контролорите и обработувачите на лични податоци е најдоцна до 24.08.2021 година.
Новиот Закон за заштита на личните податоци треба да овозможи обработката на личните податоци да се врши на законит начин, со ограничување на:
целите за кои може да се користат податоците,
неопходните податоци во зависност од целите за кои се користат,
роковите за користење,
со преземање на соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни и
со обработка на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.
Компаниите треба да ги консултираат своите правници и/или адвокати за повеќе инфо и усогласување на деловното работење. Агенцијата Каровска е подготвена за помош на компаниите и правните лица за креирање на потребната документација и усогласување на работењето. Контакт: @Мери Каровска
Извор: Каровска ДООЕЛ
Законот за заштита на личните податоци преземете го тука.