Постојат бројни предности на интегрираниот систем за деловно работење, ЕРП, во споредба со сметководствен програм.
Ако би избирал клучна разлика, некако би се свело на разликата помеѓу поглед кон минатото и визија за иднината.
Сметководствениот програм гледа назад и кажува нешто што веќе го знае самата организација. Од друга страна, ЕРП системот ги врши операциите како сметководствениот програм и помага сега, во моментот, а креира претстава за иднината за да може организацијата се развива.
Подолу е мое кусо видео со објаснување ...📽👇
Видео: извадок од предавањето на КПУ обуката за сметководители во организација на ФВ Консалтинг.
Кога на сето тоа ќе се надодаде и AI (вештачката интелигенција), компанијата/организацијата има широка лепеза на алатки за поддршка на бизнисот и планирање на иднината.
Повеќе за ЕРП систем базиран на Microsoft Dynamics 365 Business Central има на линкот www.loginsystems.biz/bc.
#ERP #ЕРП #BusinessCentral #MSDyn365BC