МСФИ објави дека во Службен весник на РМ број 126 од 2018 година, Министерството за труд и социјална политика е објавена висината на минимална плата во бруто износ на Република Македонија. Согласно соопштението за периодот јули 2018, заклучно со платата за месец март 2019 година најниската бруто плата изнесува 17.370,00 денари. Врз основа на наведеното со примена на постојното лично ослободување за 2018 година најниската нето плата изнесува 12.165 денари.
На сликата подолу е прикажана пресметка за најниска бруто и нето плата со бесплатниот веб калкулатор за плата на Логин Системи.
Ако сакате да си ја проверите платата, на линкот www.erp.mk/plati може да пресметатe различни сценарија за плата од нето во бруто или од бруто во нето.
Извор: МСФИ, напис: Најниската бруто плата за месец Јули 2018 година до март 2019 година изнесува 17.370 денари, односно 12.165 денари изнесува најниската нето плата за овој период