Управата за јавни приходи на својата веб страница објави насоки во врска со примената на Законот за данок на личен доход.
Законска основа
Oд 1 јануари 2019 година започнува да се применува Законот за данок на личен доход објавен во Службен весник на РМ бр. 241/18 од 26.12.2018 година. Со овој закон се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход. Законот може да се преземе тука.
Видови на доход
Со Законот за данок на личен доход извршена е поделба на доходот на следните видови на доход остварени во земјата и во странство:
доход од работа;
доход од самостојна дејност;
доход од авторски и сродни права;
доход од продажба на сопствени земјоделски производи;
доход од права од индустриска сопственост;
доход од закуп и подзакуп;
доход од капитал;
капитални добивки;
добивки од игри на среќа;
доход од осигурување и
друг доход.
Стапки на данок на доход
Данокот на доход, за доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, СЕ ПЛАЌА ПО ПРОГРЕСИВНИ СТАПКИ и тоа:
Данокот на доход, за доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход, СЕ ПЛАЌА ПО ЕДИНСТВЕНА СТАПКА ОД 15%.
Аконтација на данокот по одбивка од исплатувач
Аконтацијата на данокот на доход се плаќа по одбивка, при секоја исплата на следните видови доход:
Аконтација на данокот што ја пресметува обврзникот - физично лице
Во текот на годината обврзникот пресметува и плаќа аконтација на данокот на доход за следните видови на остварен доход:
Важни напомени
Аконтациите на данокот на доход по одбивка СЕ ПРЕСМЕТУВААТ И ПЛАЌААТ СПОРЕД СТАПКАТА ШТО ВАЖИ НА ДЕНОТ НА ИСПЛАТАТА НА ДОХОДОТ, освен данокот на доход по основ на плата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој ќе СЕ ПРЕСМЕТУВА И ПЛАЌА СПОРЕД СТАПКАТА И ДАНОЧНОТО НАМАЛУВАЊЕ ШТО ВАЖАТ ЗА МЕСЕЦОТ ЗА КОЈ СЕ ПРЕСМЕТУВА И ИСПЛАТУВА ПЛАТАТА, НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА, ПЕНЗИЈА И ИСПЛАТА ПО ОСНОВ НА ДЕЛОВНА УСПЕШНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ.
Аконтациите на данокот на доход по одбивка за платата за месец декември 2018 година се пресметува и плаќа по стапка од 10 проценти (без примена на прогресивното оданочување) и личното ослободување кое важи за 2018 година. Системот е-Персонален данок е соодветно прилагоден согласно новиот Закон за данок на личен доход и ќе започне со примена на 03.01.2019 година.
Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија‘‘ број 80/93, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01, 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15, 129/15, 199/15, 23/16 и 190/17).
Со денот на започнувањето на примената на овој закон престанува да важи Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија‘‘ број 80/93, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01, 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07,159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15, 129/15, 199/15, 23/16 и 190/17).
Извор: УЈП објава - НАСОКИ ВО ВРСКА СО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД (28.12.2018)