Од 1ви Јуни оваа година, согласно член 182 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, („Службен весник на РМ“ бр.120/18) забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
Дефиниции
„Пари“ се готовина, жирални пари или електронски пари;
„Готовина“ се книжни и ковани пари кои врз основа на закон се во оптек во Република Македонија или во странска држава;
„Електронски пари“ се електронски пари согласно со закон;
Казнени одредби
Казните според горенаведениот закон се движат од 80.000 евра, преку 30000 евра 12000, а има и од 2.000 до 5.000 евра. Овие прекршочни одредби се наведени во глава VII од законот, од членовите 160 до 173.
Според член 172, прекршочна постапка за сторен прекршок од овој закон не може да се поведе или води ако поминат повеќе од шест години од денот кога е сторен прекршокот.
Законот можете да го преземете од сајтот на Народната банка на Република Северна Македонија.